Песков: Нема руски авиони во Сирија

Не треба да им се верува на информациите на медиумите за наводно учество на руски авиони и хеликоптери во бомбардирањето на терористичката група „Исламска држава“ на територијата на Сирија, изјави портпаролот на претседателот на САД Дмитриј Песков.

„Не треба да им се верува на тие соопштенија“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги информациите на медиумите дека наводно руски авиони и хеликоптери ќе учествуваат во бомбардирањето и нанесувањето воздушни удари врз „Исламската држава“ на територијата на Сирија, пренесува РИА „Новости“.

Претходно израелски медиуми информираа дека Русија пристапила кон „воена интервенција во Сирија“, и дека во следните денови во земјата ќе пристигнат руски ловци, јуришни хеликоптери, советници, воени инструктори, пилоти и сличен персонал.

Руските власти многупати имаат изјавено дека не се ни поставува прашањето за испраќање руски војници во Сирија за борба со терористичката група „Исламска држава“, како и за учеството на руска авијација во ударите врз терористите. Особено на почетокот на август за тоа зборуваше портпаролот на рускиот шеф на државата  Дмитриј Песков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња