Руското Министерство за земјоделство ја разгледува можноста да се укинат царините на увозните вински производи и да се ограничи увозот на суровина во наредните 5-7 години, изјави министерот за земјоделство Александар Ткачов во интервју за „Росијскаја газета“ во декември 2016 година. Ова е неопходно за да се зголеми уделот на нашето сопствено вино на внатрешниот пазар.
„Денес Русија е дури на 11 место во светот по производство на вино, но ние имаме реални можности да го зголемиме производството, вклучувајќи го и обемот за извоз“, изјави во интервјуто Ткачов.
Сега Русија активно го зголемува сопственото производство. Според зборовите на Ткачов во последниве 10 години површината на лозјата се зголемила за над 30%, до 85.000 хектари. „За да не зависиме од увозот, до 2020 година треба да засадат уште 50.000 хектари со нови лозја“, истакна министерот.
Во последниве две-три години во Русија станаа многу важни промените во винскиот сектор и законодавството: падна вредноста на лиценците, производство на вино беше израмнето со земјоделското производство, а тоа значи дека производителите добија пристап до државната финансиска поддршка.
Виталиј Тимкив / ТАСС
Државната поддршка за развојот на лозарството и винарство беше зголемена речиси четирикратно - од 9.5 милиони евра (600 милиони рубли) во 2015 година до 37.5 милиони евра (2.4 милијарди рубли) во 2016 година, вели директорот на одделот за прехранбена и преработувачката индустрија при Министерството за земјоделство на Русија Евгениј Ахпашев. Според зборовите на Ахпашев во 2017 година се планира да бидат проширени мерките и гарантирани обемите на финансирањето на индустријата на ниво кое нема да е пониско од она во 2016 година.
Во исто време Министерството за земјоделство разгледува планови за ограничување на увозот на материјали за производство на вина и вински производи, од кои денес во руските фабрики се произведува околу една третина од вкупниот обем на вино.
„Пазарот на вина во Русија се дели во општи линии на три еднакви сегменти: руско вино произведено од руско грозје, увозно вино кое се полни во шишиња во Русија, и таканареченото „масовно“ вино од увезени материјали, но кое го продаваат со руски брендови“ , коментира за „Руска реч на македонски“ раководителот на проектот „Наше вино“ Дмитриј Коваљов.
Според Коваљов малку веројатно е да има забрана за увоз на вина, со оглед на тоа што главните промени може да се направи во сегментот „масовно“ вино и токму тој треба да биде опфатен од руските винопроизводители. „За таа цел можат да бидат направени чекори за ограничување на увозот на материјалите за производство на вино, тогаш во Русија, во услови на нормална конкуренција, ќе се развива винарството“, вели експертот.
Министерството за земјоделство веќе подготви предлог-закон за задолжително означување на вината и на шампањот во трговската мрежа според земјата во која е одгледано грозјето.
„Во странство, а особено во Франција, најдоброто вино се произведува во мали фарми“, раскажува Дмитриј Коваљов. Според него во Русија сега почнуваат да се појавуваат слични земјоделски стопанства кои на површина од 10 хектари се занимаваат со производство на вино. „Во декември минатата година две такви фарми добија лиценца“, соопшти Коваљов.
Иако е силна конкуренцијата на светскиот пазар, Русија има добри шанси да стане глобален играч, коментираат експерти. „Од 2008-2009 руските производители на вино редовно учествуваат во светски дегустациски натпревари. Во Лондон, на пример, во последниве 5-6 години тие добија над 300 награди“, вели за „Руска реч на македонски“ директорот на Центарот за истражување на државните и регионалните пазари за алкохол (ЦИФРРА) Вадим Дробиз.
Според Дробиз руските вина целосно можат да се натпреваруваат со странските, вклучувајќи ги и европските и тоа на ниво на елитните вина. На руските производители сепак ќе им бидат потребни над 10 години, за да излезат на глобалниот пазар, забележува експертот.
„Во Европа сега генерално се посветува поголемо внимание на крајбрежјето на Црното Море, како на регион за развој на винарство - тоа е крајбрежјето на Бугарија, Грузија и Русија. На пример Грузија се претстави добро на светскиот пазар со виното од типот „Саперави“ вели Дмитриј Коваљов. Црноморското крајбрежје се одликува со голем број сончеви денови и разновидност на почвите. Благодарение на тоа, вклучувајќи и во Русија, во овој регион се произведуваат заситени црвени вина, на пример, од врста Каберне Совињон, Сира, Гренаш и Пино Ноар, забележува експертот.
Каде во Русија се прави вино?Руско вино се произведува во Краснодарскиот крај, Крим, Севастопољ, во Ростовската област и во кавкаските републики.Сојузот на лозарите и винарите на Русија веќе ги утврдил заштитните географски називи на вината „Кубањ“ (Краснодарски крај), „Долина Дона“ (Ростовската област), „Ставропољ“ (Ставропољски крај), „Дагестан“ (Република Дагестан), „Долина Терека“ (Кабардино-Балкарија), „Нижнаја“ Волга“ (Астрахањски и Волгоградски полиња), „Крим“ (Република Крим).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче