Товарен воз на пограничниот премин Хоргос, источно од најголемиот казахстански град и економски центар Алмати. 19 октомври 2015 година. Казахстан сака да се постави како голем трговски центар меѓу Кина и Европа и да учествува во пазарот вреден 600 милијарди долари, но во тоа го попречуваат неговите законски прописи кои ѝ штетат на неговата репутација како прекуграничен трговски партнер.
РојтерсПретседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев му предложи на својот полски колега Анджеј Дуда да потпишат трилатерален договор со Русија во врска со транспортниот коридор. „Економската соработка [помеѓу Полска и Казахстан] се сведува на едно тешко прашање - транспортот. За тоа како да се стигне од Казахстан во Полска и обратно. Традиционалните врски се во Русија“, рече Назарбаев во изјавата на 23 август на полско-казахстански економски форум.
„Ајде денес да излеземе со иницијатива да се свртиме кон Русија, да почнеме да развиваме трилатерален договор барем за транспорт“, му рече Назарбаев на својот полски колега.
Интересот на Казахстан и Полска не е само кон зголемување на меѓусебната трговија. Постои нешто важно и за двете страни: да не се пропушти можноста да станат дел од еден глобален транзитен правец од Азија кон Европа што Кина планира да ги спроведе.
Претседателот на Полска Анджеј Дуда (лево) и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев во текот на официјалниот пречек во претседателската палата во Варшава, Полска, 22 август 2016 година. Извор: AP
Станува збор за економскиот појас „Патот на свилата“ (во Кина го нарекуваат „Појас и пат“). Идејата за него ја покрена претседателот на НР Кина Си Ѓинпинг во 2013 година за време на неговиот настап на „Универзитетот на Назарбаев“ во Астана.
Во основата на „Патот на свилата“ лежи изградба на три железнички и автомобилски коридори - северен, централен и јужен. Северниот пат поминува низ Казахстан и Русија и излегува на Балтичко Море во Европа. Од Русија западната гранка тргнува во Белорусија и Полска и стигнува до Германија и Холандија.
Русија, Казахстан и Кина веќе презедоа чекори за реализација на кинескиот проект. Од 2016 година тие го олеснија транзитот на автомобилска стока помеѓу Кина и Русија преку територијата на Казахстан и потпишаа соодветната спогодба. Ако претходно за премин на камиони во Русија беше потребна една недела, сега тоа се скрати до две деноноќија.
Суштината на северниот пат се состои во тоа што тој е целосно копнен, не мора стоките да бидат претоварувани дополнително од железница на море. „Во овој поглед овој пат е невозможен без Русија, низ чија територија поминува поголемиот дел од него“, вели генералниот директор на Руско-Европскиот инвестициски конзорциум Павел Генељ.
Како алтернатива на Полска можат да послужат и други земји, на пример Украина. Но, постојат многу аргументи во корист на тоа дека за Русија е подобро да се договори со Полска.
Прво, тоа е желбата на Кина. Претседателот на НР Кина неслучајно ја посети Полска во јуни оваа година. Второ, во Казахстан и Полска поминува најкраткиот копнен пат од Азија за Европа. Трето, патната инфраструктура на Русија овозможува да се направи кривина кон Централна Европа.
Затоа за да станат дел од глобалниот инфраструктурен проект и да се добијат примамливи транзитни текови, за Русија и Казахстан е најдобро да се договорат со итрата Полска. Доволно е да се потсети на транзитната војна против Русија, која беше почната од Варшава во почетокот на оваа година, кога автомобилскиот превоз помеѓу двете земји беше прекинати неколку месеци.
И покрај сè, „Патот на свилата“ може да се претвори во алка поради која вреди да се заборават старите навреди. Толку крупен проект може да го покаже своето влијание и за евентуалното политичко помирување помеѓу Полска и Русија.
Директорот на Институтот за проценка на ризиците Досим Сатпаев смета дека одговорот што ќе го даде Полска на предлогот, зависи од тоа што ќе надвладее: економскиот прагматизам или геополитички фактор. „Ако освен Казахстан, одредени напори бидат преземени и од страна на Кина, тоа ќе се претвори барем во јасен тренд: веќе двајца играчи ѝ нудат на Полска да ги земе предвид економските интереси“, вели тој.
Придобивката за Варшава од учеството во овој глобален транспортен коридор не предизвикува никакви сомнежи. За Полска ова е можност да ја задржи својата улога на копнена врата на Европа и да ги зголеми транзитните текови, што значи зголемување на приходите и профитот. „Секоја земја која станала дел од кинескиот транзит за ЕУ, во буквална смисла ќе ѝ потече мед, а прагматичните Полјаци многу добро го знаат тоа“, вели Генељ.
Од друга страна, Кина ветува дека сериозно ќе го одврзе ќесето за да се реализира „Патот на свилата“, а да се најдат инвеститори за ваков проект нема да биде воопшто тешко. Познато е дека Кина е подготвена да инвестира речиси 40 милијарди долари за создавање на фонд „Патот на свилата“, кој ќе се користи за финансирање на изградба на соодветната инфраструктура.
Целиот текст на руски јазик можете да го прочитате на сајтот на „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче