Претходно самиот Гаспром беше предложил да се одложи рокот за освојување на шелфовите. Компанијата смета дека е нецелесообразно извршувањето геолошки истражувања на шелфот на Баренцово Море во современите економски планови, се вели во написот објавен во списанието на Гаспром. Компанијата ја замоли владата за продолжување на рокот за сондирање на полињата. Првично требаше да бидат истражени до 2025 година, но сега работата ќе се одложи за неколку години за секое наоѓалиште.
Владата одлучи да ги одложи сеизмичките истражувања за две до пет години, а сондирањето ќе биде одложено за уште три. Веројатно двете полиња на Гаспром со наоѓалишта на гас во Шчокман, Баренцово Море (Северна Русија), ќе започнат да функционираат не порано од 2025 година, наместо од 2016 година како што беше планирано.
Првично според Државната енергетска програма не помалку од 10% од сиот руски гас се очекува да биде произведен на шелфовите до 2035 година. Доколку сондирањето се одложи, овие очекувања нема да бидат постигнати.
„Главниот фактор кој влијаеше на одлуката на Гаспром да ги одложи геолошките истражувања е тековната состојба на светскиот пазар на јаглеводороди“, изјавува аналитичарот на „Финам холдингс“ (Finam Holdings) Алексеј Калачов. Според него спроведувањето на сеизмички испитувања и, најважно, на сондирањето во оддалечените шелфови, е премногу скапо и економски неповолно во услови на ниски цени на нафтата. Подобро е да се концентрираат напорите врз шелфовите кои се подостапни за истражувања, и да се одложат тешките за подобри времиња, додаде тој.
„Докажаните резерви се доволни за повеќе од 70 години, затоа на Гаспром не му се брза да развива ресурси на шелфовите“, објаснува директорот на East European Gas Analysis Михаил Корчемкин.
Но, останува едно важно прашање. Ќе влијае ли ова на цената на рускиот гас за европските потрошувачи? Според Корчемкин цената на производството и обемот на резервите не се дел од формулата за пресметување на цената на рускиот гас, што значи дека нема да има влијание врз цената за потрошувачите на руски гас во Европа.
Руските компании можат да почнат повторно со истражување на шелфовите кога цените на нафтата ќе се вратат на 100 американски долари за барел, што ќе се случи не порано од 2025 година, коментира Георгиј Вашченко, директор за операции на рускиот капита
Во средината на 2000 година Гаспром се обиде да привлече партнери за развој на полињата на шелфовите, потсетува Вашченко. Но, кризата ги спречи плановите. Подоцна Гаспром имаше разговори со Френч Тотал (French Total) и со Норвиџијан Статоил (Norwegian Statoil). „Но, поради снабдувањето на гас од шкрилци од САД европските партнери го напуштија проектот и Гаспром загуби средства, чија вредност и до денес не се знае“, објаснува Вашченко.
Сега приватните руски компании може да се вклучат во производствените проекти на шелфовите. Најголемата приватна руска компанија за производство на нафта Лукоил е подготвена да му помогне на Гаспром да го развие шелфот на Чукотско Море, соопшти претседателот на Лукоил Вагит Аликперов за време на Санктпетербуршкиот економски форум.
Сепак, за да се случи тоа, треба да се направат измени во законодавството. Според законот само државните Роснефт и Гаспром имаат пристап до полињата на шелфовите. Во моментов, законот се подготвува од Министерството за национални ресурси по указ на рускиот претседател Владимир Путин, објасни министерот Сергеј Донској на форумот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче