7 најскапи и 7 најповолните населби во Москва

Становите во централните области на Москва можат да се споредат со оние од Париз, Берлин, Хелсинки и Барселона.
 Moscow City
Извор: Lori/Legion-Media

Во 2016 година цените на недвижниот имот во Москва за прв пат од 2000 година не забележуваат пораст, поради кризата побарувачката опадна, а понудата, обратно - благодарение на масовната изградба се зголеми. Врз основа на податоците од агенцијата „Инком недвижимост“ во ноември 2016 година, „Руска реч на македонски“ направи мапа на најскапите и на најповолните населби во Москва, а наша молба брокерот за недвижности Јулија Кожевникова од Tranio property ги прокоментира и ги спореди цените на недвижностите со различни земји.

Најскапи

1. Арбат

Цена: $ 8.6 илјади за 1 квадратен метар

Локација: најпознатата од централните области на Москва, се формираат околу пешачката улица Арбат.

Константин Лејфер, Натаљја Гарнелис/ТАСС Константин Лејфер, Натаљја Гарнелис/ТАСС

2. Хамовники

Цена: $ 7.9 илјади за 1 квадратен метар

Локација: соседна населба на Арбат и е дефинирана од крајбрежната улица на реката Москва.

Експерт: Арбат и Хамовники можат да бидат споредени со париските 14 и 18 кварт - тие не се престижни колку 6 и 7 област во Париз, каде што цените стигнат до $ 12.000 за 1 квадратен метар.

3. Јакиманка

Цена: $ 7.5 илјади за 1 квадратен метар

Локација: знаменитости на регионот се Софискиот кеј на север и паркот Горки на југ.

4. Тверски реон

Цена: $ 6.4 илјади за 1 квадратен метар  

Локација: регионот го преминува од „Буљварное кољцо“ (булеварски прстен - заб. прев.), а на југ се граничи со кејот на реката Москва и Александровската градина.

Експерт: Јакиманка и Тверскаја можат да бидат споредени со Гранвалд, Тингартен и Мите (неодамна становите таму одат по $ 6.7 илјади), кои се најдобри локации во Берлин.

5. Замоскворечје

Цена: $ 6 илјади за 1 квадратен метар

Локација: североисточната граница е кејот на реката Јауза, источната е старата улицата Малаја Ординка. Регионот е познат по многуте историски градби.

Експерт: Замоскворечје кореспондира со помалку скапиот кварт во Хелсинки - Pohjois-Meilahti. Најскапиот кварт во финската престолнина е Kaivopuisto ($ 7.5 илјади за 1 квадратен метар).

6. Пресненски реон

Цена: $ 5.7 илјади за 1 квадратен метар

Локација: во западниот дел на областа се наоѓа Деловниот центар „Москва-сити“, а јужниот дел се граничи со Арбат.

Експерт: Во Пресненскиот реон становите чини малку повеќе отколку во Прага 1 - најскапиот и туристички дел на чешката престолнина.

7. Дорогомилово

Цена: $ 5 илјади за 1 квадратен метар

Локација: поголемиот дел од границите на населбата се по должината на брегот на реката Москва со бројни кејови. Во западниот дел е „Паркот на Победата“.

Експерт: Дорогомилово може да биде спореден со Sarrià-Sant Gervasi во Барселона.

Најповолни

1. Ново-Переделкино

Цена: $ 2.1 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Западен административен округ, кој се наоѓа на околу 14.5 километри од МКАД (најголемиот кружен пат во Москва – заб. прев.) и на околу 30 километри од центарот.

2. Восточни

Цена: $ 2.1 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Источен административен округ, 2-3 километри од МКАД, околу 14.7 км од центарот.

3. Бирјуљово Восточное

Цена: $ 2 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Јужен административен округ, не излегува надвор од границите на МКАД, околу 20.4 километри до центарот.

Lori/Legion-MediaLori/Legion-Media

4. Некрасовка

Цена: $ 1.9 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Југоисточен административен округ, околу 5 километри од МКАД, околу 33.8 километри до центарот.

5. Бирјуљово Западное

Цена: $ 1.9 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Јужен административен округ, во границите на МКАД, околу 25.9 километри до центарот.

6. Крјуково

Цена: $ 1.6 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Зеленоградски административен округ, 27 километри од МКАД, околу 51 километри до центарот.

7. Внуково

Цена: $ 1.6 илјади за 1 квадратен метар

Локација: Западен административен округ, на околу 9 км од МКАД, околу 34 километри до центарот.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.