Зградата на Савинското подворје во стилот арт нуво се крие во дворот на друга зграда во улицата „Тверскаја“. Кон крајот на триесеттите, при реконструкцијата на главната магистрала во главниот град, таа беше поместена 50 метри во длабочина, а на нејзиното поранешно место беше изградена уште една зграда. Нејзината фасада е покриена со абрамцевски керамички плочки со прикази на жар-птици, чудесни цвеќиња и плодови, што ја прави оваа зграда да наликува на дворец од руските бајки.
Зградата на Народниот комесаријат за финансии на булеварот „Новински“ ја проектираа архитектите Мојсеј Гинзбург, Игнатиј Милинис и Сергеј Прохоров на таков начин што ништо да не го одвлекува вниманието на неговите станари од изградбата на светла иднина. Во зградата за вработените во Народниот комесаријат за финансии изградени се компактни станови на две нивоа со задолжително осветлување од две страни.
Затоа во нив, и покрај малиот број квадрати, човек и денес има чувство на просторност. Инаку, можно е да се посети зградата во рамките на организирана екскурзија!
Објектите на Сиромјатническиот хидројазол недалеку од Центарот за дизајн Artplay се изградени според проектот на Георги Гољц и потсетуваат на грчки храм, па дури и на медитеранска вила. Вакво нешто ретко се гледа во Москва. Во исто време, можете да видите што останало од проектот за претворање на Јауза во пловна река.
Во паркот „Северно Тушино“ можете да посетите вистинска подморница. Во 1980-тите и 1990-тите таа патролираше долж границата во Баренцовото море. Откако беше расходувана, беше предадена на Музејот на Воената морнарица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче