10 највисоки облакодери во Русија

Константин Кокошкин/Global Look Press
Највисоките згради во Русија се наоѓаат претежно во Москва, но облакодерот што ги руши рекорите го краси Санкт Петербург.

10. „Кула на кејотна деловниот центар Москва Сити

268,4 метри

 

На оваа листа ќе се најдат многу згради на деловниот центар Москва Сити. Овој градски кварт почна да се гради на западот на Москва во 1996 година, а денес се состои од 15 облакодери, дел од нив се деловни, а дел станбени згради. „Кула на кејот“ е комплекс од три згради. Највисока е кулата „Ц“, завршена во 2007 година. Две години по завршувањето на изградбата, кулата го држеше првото место меѓу највисоките згради во Европа.

9. Трите кули „Капитал“ во Москва

295 метри 

 

На Краснопресненскиот кеј до бизнис-центарот Москва Сити во 2023 година беа доградени три станбени кули со иста висина - River Tower, City Tower и Park Tower.

8. Облакодерот „Москва“ во Москва Сити

301,8 метри

 

„Москва“ е повисоката зграда на комплексот од две кули познат како „Градот престолнина“. Кулата е изградена во 2009 година и до 2011 година беше највисоката зграда на територијата на сите поранешни советски републики.

7. „Нева“ (кулата бр. 1) во Москва Сити

302 метри

 

Комплексот Neva Towers се состои од две кули, од кои и двете се меѓу десетте највисоки згради во Русија. Првата е висока 302 метри, има 68 ката, дел од зградата го заземаат канцеларии, дел - станови. Изградбата беше завршена во 2020 година.

6. Облакодерот „Евроазија“ во Москва Сити

308,9 метри

 

Уникатна зграда од челик во центарот на Москва Сити. Поради финансиски тешкотии „Евроазија“ се градеше десет години. Во неа се сместени канцеларии, хотел, ресторани, фитнес центри и разни комплекси за разонода.

5. Облакодерот „Меркур“ во Москва Сити

340,1 метри

 

Повеќе пати е наградуван со престижни светски награди за архитектура и ниво на услуга. Покрај 75 ката над земја, има уште пет ката со подземни гаражи. Зградата беше завршена во 2014 година и краток период ја држеше позицијата на највисока зграда во Европа.

4. „Нева“ (кулата бр. 2) во Москва Сити

345 метри

 

Изградбата на втората кула на комплексот „Нева“ заврши во 2019 година. Станува збор за станбена зграда од 79 ката.

3. Облакодерот „Око“ во Москва Сити

354,1 метри

 

Комплексот „Око“ се состои од две згради. Јужната беше завршена во 2015 година и е речиси 100 метри повисока од северната. Таму се наоѓа и највисокиот видиковец во Европа.

2. Облакодерот „Восток“ во Москва Сити

373,7 метри

 

До 2017 година тоа беше највисокиот облакодер во Русија. Дел е од комплексот „Федерација“ кој се состои од две згради. Втората е кулата „Запад“, висока 242,4 метри.

1. Лахта Центар во Санкт Петербург

462 метри

 

Тоа не е само највисоката зграда во Русија, туку и во Европа. И најсеверниот облакодер на светот! Изградбата беше завршена во 2018 година. Повеќе детали за Лахта Центар ТУКА.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња