За да ги видите гејзирите доволно е да купите билет за брзиот воз „Сапсан“ од Москва до Петербург. Без шега: гатчинското чудо постои, избива од земјата и се прелева на сонце. А настанало вака: долж реката Парика луѓето правеле бунари, барајќи нови извори за водоснабдување на Петербург. А потоа едноставно ги заборавиле. Но, водата не заборавила: во атарот на селото Корпиково избиле шест извори.
Постои и поинакво објаснување во врска со подземното складиште на гас што наводно предизвикува ерупција на водата нагоре. Меѓутоа, штом видите гејзери како прскаа среде шума, сите теории се забораваат. Глетката е едноставно фасцинантна. Инаку, некои извори имаат и имиња: Трупец, Фонтана, Малечок.
Тукашното поле со гејзири е откриено на почетокот на осумдесеттите години. Народот Евенки кој ги населува овие краишта уште од дамнина раскажувал дека во планините Удокан постојат јами со лековита вода, а наместа таа избива со водоскоци од земјата.
Удокан
Евгениј Епанчинцев/SputnikКаларскиот гејзир се наоѓа недалеку од вулканот Чепе, во басенот на реката Ејмнах. Не е голем и водата во него не е врела, туку речиси на собна температура - 13-19 степени во зависност од местото каде што избива изворот. Ова место е специфично и поради вдлабнатината во карпата длабока половина метар во која се собира водата и се загрева до 18 степени, како и по ниската фонтана од која блика водата.
Татинецкиот гејзир не е лесно да се најде, особено во зима. Се наоѓа во Долината на фонтаните помеѓу селата Слопинец и Татинец. Не е лесно да се стигне до него со автомобил - мора да се вози по серпентина. Но, замислете си само: одеднаш, меѓу дрвјата покриени со снег, се појавува ледено „крило“ на замрзнат гејзер, со вода што блика од врвот. Секако, човекот и тука замешал прсти: пред многу години локалните жители решиле да спроведат неколку извори во цевки и добија необичен гејзир. Колку е поостра зимата, толку тој оди повисоко и може да достигне пет метри.
Кога првпат ќе ги видите овие тиркизни гејзири, можеби ќе помислите дека сте во Нарнија. Но, не, тоа е долината на езерото Мал Вудјавр недалеку од Кировск. Од дупките во земјата блика неверојатно чиста вода која во зима замрзнува и од синиот мраз создава формации со необичен облик.
Уште една „капија“ што води до Нарнија се наоѓа на брегот на реката Ај. Во шеесетите овде луѓето барале бокситна руда, а нашле артешки извор. На топло време избива 5,5 метри во висина, а во зима се претвора во скулптура од мраз извајана од природата.
Велат дека на оние најхрабрите кои ќе поминат низ млазовите на фонтаната ќе им се исполни животната желба. Но, такви се малку, бидејќи водата овде е ужасно студена, само седум степени Целзиусови.
Во близина на селото Сухаја, во борова шума, се наоѓа изворот на радон Загза. Порано овде имало мочуриште: карактеристичниот мирис на водород сулфид ги навел луѓето да заклучат дека некаде во карпите има нафта. Но, кога почнале да дупчат во земјата, на длабочина од 278,2 метри избила фонтана со врела вода и гас.
Термалниот извор Сухаја (Загза) на територијата на лековитата бања на езерото Бајкал
Денис Слепцов/TASSТемпературата на водата во изворот Загза е 50-52 степени. Помага при болести на нервниот систем. Покрај капењето, за здравјето придонесува и медитацијата со поглед на Бајкалското езеро.
Во националниот парк „Зјураткуљ“, на 20 километри од Сатка, избива Фонтана. Токму така, се пишува со голема буква. Водата на артешкиот извор достигнува висина од седум метри.
Изворот е пронајден случајно во 1976 година. Геолозите барале железна руда, а пронашле вода. Зиме Фонтаната изгледа импресивно: се претвора во леден рид висок 14 метри.
Според легендата, немало поиздржливи коњи од коњите на канот Кадим. Нивната тајна била во специјалната вода. Имено, коњите ги поеле на топлиот Кодински извор. Кон крајот на четириесеттите имаше дури и план за изградба на санаториум во селото Кодинка, недалеку од Каменск-Уралск, но оваа идеја беше брзо напуштена. Изворот на радон постои и денес: вода со температура од 17,5-18 степени се пробива низ камењата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче