Пред револуцијата тука се наоѓаше зграда во која становите се издаваа. Добростоечки московјани, а еден од најпознатите беше сликарот Петар Кончаловски, ги издаваа репрезентативните станови, од четирисобни до шестсобни. Респектабилната недвижнина му носеше на сопственикот Иљја Пигит приход каков што немаше ни губернаторот. Четириесет и пет илјади рубли.
Зградата во која се наоѓа злокобниот стан, 1915.
Јавен доменМирниот живот на станарите на зградата во „Болшаја Садоваја“ заврши по револуцијата, кога во неа беа направени комунални станови. Се појавија и клуб и менза, гипсените работи беа покриени со транспаренти, беа донесени пропагандни книги. Во 1921 година во зградата на домот на поранешната приватна високошколска установа „Московски женски курс“ на професорот Герје се досели Михаил Булгаков со сопругата. Просторот во којшто живееше го нарекуваа „проколнатиот стан“.
Во соседството на Булгаков живееја милиционер со семејството, живописни ликови кои сакаа да пијат, или во тишина или правејќи пакости, Анушка Горјаева со пискавиот глас и постојаното карање на нејзиниот син. Писателот овде помина три години, а потоа со големо олеснување се пресели првин на третиот кат, а потоа во друга зграда. Меѓутоа, „злокобниот стан“, на некој начин, секогаш го следеше. Тоа го опиша во „Езеро ракија“ и „Мајсторот и Маргарита“.
Во шеесеттите години на минатиот век започна раселувањето на комуналните станови во улицата „Бољшаја Садоваја“. Во станот број 50 во 2007 година беше отворен музеј каде што можат да се видат работната соба на познатиот писател, кујната од 1920-тите, да се учествува во импресивна претстава и да ги погледнат костимите на ликовите од неодамнешната филмска адаптација на романот „Мајсторот и Маргарита“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче