Екстремните студови во руските градови достигнаа -50℃! (ФОТОГРАФИИ)

Лицето на сноубордер по спортски активности на температура од -34 Целзиусови степени во централниот регион на Краснојарск.

Лицето на сноубордер по спортски активности на температура од -34 Целзиусови степени во централниот регион на Краснојарск.

Иљја Најмушин/Sputnik
Почетокот на декември во Сибир и на Урал беше исклучително студен. Во големите градови температурата падна под минус 35 степени. На подрачјето на главниот град не е студено, но има невообичаено многу врнежи од снег за овој период од годината.

1. Во Екатеринбург е -30 ℃. Поради ниските температури градските тролејбуси и трамваи беа принудени да ја намалат брзината на 20 до 25 км/ч за да избегнат дефекти. А вака изгледа замрзнатиот кеј на реката Исет во центарот на градот.

Шеталиштето на реката Исет во мраз во Екатеринбург.

2. Жителите на Краснојарск ги дочекаа студовите од минус 35 степени во градот и до -50 степени во околината. На северот на Енисејскиот реон е забележан студ од -51 степен.

Член на зимскиот пливачки клуб „Криофил“ се капе во Енисеј на мраз од -30℃.

Двоглед окован со снег и иње во новата пешачка зона „Стрелка“ во паркот „Татишев“ на брегот на Качинскиот канал на Енисеј, на островот Татишев во Краснојарск.

Паркот „Татишев“, Качинскиот канал на Енисеј на -27 степени Целзиусови.

3. Во Новосибирск температурата во центарот на градот падна на -33℃, а во регионот на -42℃.

Спортисти за време на зимскиот SUP по река без мраз во околината на Новосибирск.

4. Омск. Зграда окована во мраз. И тука е под -30℃.

Русија, Омск, од 7 до 13 декември температурите се околу -30°C.

5. Во Норилск, на северот на Краснојарскиот крај, не е толку студено - само -28℃, но поларната ноќ веќе започна. Последен пат Сонцето овде е видено на 29 ноември, а следното изгрејсонце ќе биде дури во 2024 година, во втората половина на јануари.

6. На северот на Приморскиот крај е под -20°С, но поради ветрот субјективното чувство е како да е -40. Кејот во Владивосток наликува на царството на Снежната кралица.

На кејот во Владивосток.

7. Во Воркута е само -20°С, а снегот е сув и крцка под нозете. Додуша, помеѓу зајдисонцето и изгрејсонцето поминува само еден час, бидејќи сепак тоа е град на 67-та паралела!

8. Според пишувањата на медиумите, во Јакутск е уште потопло! Во главниот град на најстудениот регион на Русија, температурата ноќе е малку пониска од -33°С, иако пред само неколку дена беше -45°С. И тоа е над вообичаената климатска норма за овој период од годината.

Јакутск, 5.12.2023 година со температура од -45°C.

9. Првата половина на декември 2023 година во Санкт Петербургу беше особено студена и снежна. Само на прв поглед изгледа дека -10°С и не е толку страшно. Меѓутоа, во комбинација со петербуршкиот ветар и снежните врнежи на жителите им беше многу студено! Во моментов во градот е потопло за неколку степени, но метеоролозите најавуваат дека тоа нема уште долго да трае.

Поглед на Петропавловската тврдина во Санкт Петербург. Преку ден температурите се околу -13, а ноќе и до -20°C.

10. Во Москва не е многу студено (око -7°С), но има многу снег. Паѓа цела недела, а ќе продолжи да паѓа и наредните денови.

Во одделни области навевите достигнаа висина од 30 цм, и ќе бидат уште поголеми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња