Руската престолнина е светски рекордер по број на библиотеки - во Москва ги има дури 500. Меѓу нив е и Руската државна библиотека со најголема колекција на книги во Европа. Во него се чуваат преку 48 милиони книги, научни трудови и списанија. Оваа колекција е втора по големина во светот. На прво место е Конгресната библиотека со 164 милиони библиографски единици.
Заедно со дивите свињи тие го населуваат националниот парк „Лосов остров“. Резерватот е исто така многу специфично место - на територијата на градот се наоѓа парк со флора и фауна од тајгата.
Во него има обележани пешачки патеки по кои, доколку платите влез, можете да прошетате и да ја набљудувате недопрената природа на московскиот регион. На територијата на резерватот има и биолошка станица со лосови, каде посетителите можат поблиску да се запознаат со овие животни и да ги запознаат нивните особини.
Првата масовна гробница покрај ѕидините на Кремљ е направена по револуцијата во 1917 година. Таму се погребувани челниците на државата, воени лидери, дури и странски државјани кои придонеле за развојот на комунистичките идеи, како што се писателот Џон Рид и основачот на Комунистичката партија на Јапонија, Сен Катајама.
Денеска во некрополата на Кремљ се чуваат 115 урни со пепел, а главно обележје на ова место е мавзолејот, каде и денес почива водачот на комунистичката револуција Владимир Илич Ленин.
Патем, да напоменеме дека Кремљ е и еден од најголемите музеи во светот со површина од 28 хектари (0,28 квадратни километри).
Во московското метро станиците ги најавува машки или женски глас. Се работи за тоа што машкиот глас ги најавува станиците на патот од центарот на градот кон периферијата и во насока на стрелките на часовникот на кружните линии, додека женскиот глас, напротив, ги најавува станиците при движење од периферијата кон центарот на градот и во спротивна насока од стрелките на часовникот. Пред сé, тоа е направено за лицата со оштетен вид за полесно да се снајдат низ метрото.
Од рускиот главен град редовно поаѓаат туристички крстарења до Белото море и назад. А Белото море е дел од Северниот леден океан.
Реката Москва се влева во Волга и затоа целиот северозападен дел на Русија може да се помине по воден пат. Патувањето во еден правец трае во просек од 6-7 дена. Честопати крстарењата водат не само до брегот на Белото море, туку и до Соловецките острови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче