Метро-станицата „Трубнаја“
Алексей Филиппов/SputnikМозаиците на плафонот на станицата „Комсомолскаја“ на кружната линија на метрото на главниот град ги работел во периодот 1951-52 година сликарот и поранешен иконописец Павел Корин. На осум паноа со патриотска тема се прикажани руски јунаци и херојски дела од различни периоди. Во делата обилно е користена позлатена смалта, што ги прави слични на мозаиците во византиските храмови.
На едно од делата е претставен Александар Невски со знаме со ликот на Спасителот, додека во позадина се гледа новгородскиот храм „Св. Софија.
Еден од мозаиците е посветен на Дмитриј Донској, а старорускиот кнез е претставен на коњ пред почетокот на Куликовската битка со хоругва со ликот на Христос.
Ослободителите на Москва во 1612 година, Минин и Пожарски, исто така се претставени со ликот на Христос, а во позадина е храмот „Св. Василиј Блажени“ и ѕидините на Кремљ.
Сите овие мозаици го илустрираат говорот на Сталин на парадата на 7 ноември 1941 година. „Нека ви бидат инспирација за оваа војна храбрите ликови на нашите големи предци, Александар Невски, Дмитриј Донски, Кузма Минин, Дмитриј Пожарски, Александар Суворов, Михаил Кутузов! Нека ве следи победничкото знаме на големиот Ленин“.
И мозаикот на кој црвеноармеец го држи Црвеното знаме со портретот на Ленин на чуден начин има нешто во староруски дух.
На овие мозаици може да се забележи и промената на односот кон црквата која настанала за време на Втората светска војна. Во 1943 година Сталин суштински ја рехабилитираше Руската православна црква, се состана со главните архиереи, му дозволи на свештенството да врши богослужба и да ги благословува војниците пред одењето во битка. Судејќи според сé, тој сметал дека поддршката на црквата во време на војна ќе наиде на воодушевување кај советските граѓани (и војници) кои сè потајно биле верници.
Ентериерот на оваа станица, отворена во 1983 година, е украсен со мозаици со тематика од староруската архитектура. Според замислите на архитектот на метро-станицата Леонид Павлов, патниците би требало да уживаат во делата додека го чекаат возот.
Мозаик со Архангелскиот храм на Московскиот кремљ
Nikolai Galkin/TASSНа мозаиците на авторите Елеонора Жаренова и Владимир Васиљцов може да се види изградбата на храмот „Св. Василиј Блажени“ и црквите во Кремљ.
Мозаик со храмот „Христос Спасител“
Nikolai Galkin/TASSМетро-станицата „Боровицкаја“, отворена во 1986 година, го доби името по истоимената кула на Московскиот кремљ во чија близина се наоѓа. На ѕидот на централната сала се истакнува монументалното керамичко пано „Дрвото на народите на СССР“.
Метро-станицата „Римскаја“ во московското метро е отворена во 1995 година. Размислувајќи за темата на вечниот град, познатиот скулптор Леонид Берлин направи за станицата скулптурална композиција со близнаците Ромул и Рем, легендарните основачи на Рим, како и волчицата што ги храни.
А на другиот крај на метро-станицата, над ескалаторите и преминот до станицата „Плоштад „Илич“ (се мисли на Владимир Ленин), има необична Мадона и дете, исто така дело на Берлин.
По повод 850-годишнината од основањето на Москва, во 1997 година, на метро станицата ВДНХ беше поставено пано од мајолика во стилот на рускиот гжељ. „Панаѓур во Замоскворечје“ е дело на Маргарита Подгорна и Александар Царегородцев, ликовни уметници кои се занимаваат со техниката гжељ на руското народно сликарство.
Во центарот на паното е прикажано панаѓурско народно славје со реката Москва и Кремљ во позадина, додека по рабовите има плочки со московските цркви, Храмот „Христос Спасител“, Новодевичиот манастирот, незачуваната црква „Пофалба на Богородица“ и црквата „Св. Адријан и Наталија“ и други објекти.
Метро-станицата „Трубнаја“ започна со работа во 2007 година, а нејзиниот ентериер го красат осветлени витражи на кои се доловени стари градови и села во Русија. Познатиот автор Зураб Церетели го става акцентот на препознатливите храмови на Русија.
Московскиот храм „Св. Василиј Блажени“.
Стара камена шатореста црква од имотот Коломенское во близина на Москва.
Тука се и црквите во Јарославл, Переславл-Залески и уште неколку села и градови.
И метро станица „Сретенски булевар“ е отворена во 2007 година. На ѕидовите обложени со светол мермер се вградени челични плочи со дела на Иван Лубеников со поглед на Булеварскиот прстен, како оној со споменикот на Гогољ низ кои се гледаат контурите на црквата „Св. Јован Крстител“ на Бронаја.
Другото пано го краси камбанаријата на Високо-Петровскиот манастир.
Метро-станицата „Достоевскаја“ е отворена во 2010 година. Ентериерот го красат илустрации на најзначајните романи на големиот руски писател. Монументалните мозаици кои јавноста ги оцени како премногу мрачни предизвикаа голем скандал. Меѓутоа, сликарот Иван Николаев инсистираше на тоа дека авторскиот пристап кон Достоевски треба да биде во согласност со „длабочината и трагиката на неговото творештво“.
Писателот бил многу религиозен човек, а темата на верата и Христос во повеќе наврати е зачнувана во неговите дела. Така, во илустрацијата за романот „Злосторство и казна“, централното место го зазема Спасителот кој го воскреснува Лазар. Од десната страна се гледа Соња Мармеладова како му го чита Евангелието на Раскољников во затворот. Во романот верата го поттикнува очајниот јунак на нов живот.
Илустрација на „Злосторство и казна“
Antares 610 (CC BY-SA)Исус се појавува и на илустрацијата за романот „Браќата Карамазови“. Приказот во левиот агол упатува на параболата за големиот инквизитор од романот. Тоа е легендата за тоа како во Средниот век, за време на инквизицијата и палењето на еретиците на клада, Исус му се јавил на инквизиторот и нивниот разговор за слободата, верата и човекот.
Илустрација на романот „Браќата Карамазови“
Antares 610 (CC BY-SA)Метро-станицата „Марјина рошча“, отворена во 2010 година, е украсена со десет мозаици со поглед на историските места на Москва, реонот Останкино, Марјина рошча и други.
Станува збор за делата на Сергеј Горјаев изработени од стаклена смалта на кои патниците можат да ја видат црквата „Св. Трифун“ од XV век во Напрудное, црквата „Животворна Троица“ од XVII век во Останкино, Црквата „Икона на Мајката Божја „Неочекувана радост“ од крајот на XIX век и почетокот на ХХ век во Марјина рошча.
Метро-станицата „Беломорскаја“ е отворена во 2018 година на северот на Москва.
Украсена е со мозаици со прикази на Соловецкиот манастир (се наоѓа токму на Белото море), како и други свети места во северна Карелија, манастирот Валаам на езерото Ладога и Кишкиот погост на езерото Онега.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче