Сергиев Посад, Троице-Сергиева лавра, поглед од југоисток. Одлево надесно: камбана, Успенска црква, Портата Раѓање на Јован Крстител, Светата порта и источниот ѕид. Април 1980 година.
Вилијам БрумфилдНа почетокот на 20 век рускиот хемичар и фотограф Сергеј Прокудин-Горски осмислил комплексен процeс за фотографирање во боја кој дава исклучително живописни фотографии со мноштво детали. Неговата визија за фотографијата како едукативна и просветителска форма просведочена е на снимките на архитектонските споменици што ги правел на значајни историски локации ширум земјата.
Московски Кремљ. Успенска црква. Крунисувањето на Михаил Романов. Репродукција на илустрација од 1673 година, објавена во книгата на П. Васенко: „Болјарите Романови и крунисувањето на Михаил Фјородович“ (Санкт Петербург, 1913).
Сергеј Прокудин-ГорскиРускиот фотограф исто така развил бизнис за производство на разгледници во боја и илустраци во книги. Меѓу публикациите со колор-фотографии на Прокудин-Горски се наоѓа и голем албум објавен во 1913 година по повод тристагодишнината на династијата Романови. Илустрациите опфаќале репродукции на гравури за албумот што во 1673 година го направил за царот Алексеј Михајлович во спомен на неговиот татко Михаил Фјодорович, првиот цар од династијата Романови.
Московски Кремљ. Успенска црква, поглед од југоисток. Јуни 2012.
Вилијам БрумфилдЕдна од репродукциите го прикажува свечениот настан на крунисување од 11 јули 1613 година во Успенската црква во Кремљ. Уметникот Иван Максимов, за волја на вистината, пропуштил да ги прикаже ѕидовите покриени со фрески, но големиот иконостас може да се види од десната страна.
Сергиев Посад, Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, поглед од југоисток. Во преден план: јужниот манастирски ѕид и конакот св. Варваре. Мај 1999.
Вилијам БрумфилдСо векови „златоглавата“ Успенска црква на Кремљ била руски најзначаен споменик, наоѓајќи се во центарот на нејзината историја, политика, култура и православната вера. Дури и по основањето на Санкт Петербург, сите владетели на Русија биле крунисувани во овов храм, вклучително и Николај Втори (крунисан на 26 мај 1896 година).
Троице-Сергиева лавра. Успенска црква, поглед од запад. Десно: Капелата над изворот. Декември 1979.
Вилијам БрумфилдУспенската црква е посветена на една од најпочитуваните тајни на православната теологија – Успението на Пресвета Богородица. Овој празник е посветен на настанот на преминот на Исусовата мајка од овој свет во божествената сфера. Православната иконографија ја прикажува Богородица на посмртниот одар опкружена со апостоли како „тоне во сон“ (оттука и потекнува изразот „успение“, односно успивање), додека во истиот момент Христос ја прима нејзината душа на небото.
Троице-Сергиева лавра, Успенска црква, поглед од југ. Јуни 1992.
Вилијам БрумфилдНастанокот на Успенската црква во Кремљ е блиску поврзан со зајакнувањето на Москва како центар на руската држава. Рускиот црковен поглавар и митрополит киевски на цела Русија Петар во 1326 година својата резиденција де факто ја преселил од Владимир во Москва. Овој потег што го подготвил великиот кнез Иван Калита бил значаен не само за политичката и за религиската афирмација на Москва, но и за нејзиниот архитектонски развој.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, поглед од исток. Мај 1995.
Вилијам БрумфилдЗамислена како величенствено и свеќено место за крунисување на руските владетели и за ракоположение на митрополитите (подоцна на патријарсите), Фјоравентиевата Успенска црква претставува прекрасен пример за преплетување на две култури: руската (со нејзиното византиско наследство) и западноевропската прикажана во духот на италијанската ренесанса.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, источна фасада, структурата на апсидата го имитира изгледот на Успенската црква во Кремљ. Август 1987.
Вилијам БрумфилдВо руската средновековна историја умножувањето на копијата на Успенската црква на Кремљ од 15 век не симболизирало само обединување на руските земји под Москва, но исто така московскиот главен храм во опиплив облик се пренесе низ сите главни точки на сите нејзини сѐ поголеми територии. Особено значајна е Успенската црква во Троица-Сергиевата лавра во Сергиев Посад. Лаврата настанала како испосница на Сергиј Радонешки во 1337 година, но постепено се развивала и се ширела, станувајќи центар на руското монаштво.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, источна фасада, апсидата со централната фреска на Старозаветното Тројство. Август 1987.
Вилијам БрумфилдИзградбата на Успенската црква во Троица-Сергиевата лавра ја нарачал царот Иван Четврти (Грозни), кој во 1559 година лично присуствувал на службата со која започнал проектот. Разорниот пожар од 1564 година кој уништил голем дел од манастирот ја одложил нејзината изградба, како и царевата недоверливост кон манастирската управа во подоцнежниот тек на неговото владеење. Црквата е завршена и осветена дури во 1585 година, една година по смртта на царот.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, куполи и крстови, поглед од југозапад. Јуни 1992.
Вилијам БрумфилдИако изградбата ги раздвојува еден век, Успенската црква во Троица-Сергиевата лавра претставува најверна копија на нејзиниот прототип во Кремљ во поглед како на екстериерот, така и на ентериерот. Иако е нешто поголема од Успенската црква во Кремљ (29.2 на 42.3 метри во однос на 27 на 39.75 метри), таа ги повторува мошне впечатливите детали на нејзината конструкција како што се петделната апсида разделена на столбови на источната фасада, големиот број аркади на средното ниво, еднаквата висина на полукружните забати, рамномерниот распоред на травеите и големиот централен тамбур и куполата. Куполите првобитно имале сличен облик како кај истоимената црква во Кремљ, но подоцна се заменети со повисок лачен облик.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква. Наос, поглед од југоисток кон иконостасот и јужните пилони. Фреска на Успението на Пресвета Богородица на сводот. Мај 1998.
Вилијам БрумфилдМеѓу нив постојат и очигледни разлики, како што се правоаголните пилони наспроти тркалезните столбови коишто даваат подобра перцепција на ентериерот во московската Успенска црква, и употребата на тула наместо варовник како материјал од кој е направена главната конструкција. Пропорциите на манастирскиот храм се потешки и им недостасува ренесансната хармонија на црквата во Кремљ. Сепак, општата сличност преовладува како во ентериерот, така и во екстериерот.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква. Северозападната купола со фреската на Христос Спас. Десно: фреската Успение на Пресвета Богородица. Мај 1998.
Вилијам БрумфилдФреските што ја покриваат внатрешноста на ѕидовите не настанале пред 1684 година, што е последица на Смутната доба која следувала по завршувањето на изградбата на храмот. Но, кога биле нарачани, фреските биле завршени во рекордно краток рок од три месеци. Работата им била доверена на група од 35 сликари на чело со јарославскиот зограф Дмитриј Григорјев – исто така познат како Дмитриј Григорјевич Плеханов (додека фреските во Успенската црква во Кремљ се насликани во 1642-43 година).
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, поглед кпн југоисток накај иконостасот и централната купола. Мај 1998.
Вилијам БрумфилдЦиклусите на фрески на ѕидовите и на сводовите во Успенската црква во Троица-Сергиевата лавра прикажуваат претежно сцени од животот на Исус Христос и на Богородица. Во прв план е прикажано Успението на Пресвета Богородица на централниот свод пред главната купола.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква, поглед кон исток накај иконостасот и централната купола. Мај 1998.
Вилијам БрумфилдФреските на масивните пилони се специфични по приказите на светите руски кнезови и на црковните поглавари, како византиски, така и руски. Во основанта на пилоните сместени се икони во импозантни рамки.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква. Наос со свеќници, поглед кон исток накај иконостасот и централната купола. Фреска Успение на Пресвета Богородица на своду. Мај 1999.
Вилијам БрумфилдДенешниот величенствен иконостас на пет нивоа е завршен на почетокот на 18 век со 76 икони насликани претежно кон крајот на 17 век. Централниот дел од наосот го красат два бронзени лустери за свеќи со восхитувачка убавина, дело на мајстор од Оружејната палата на Кремљ од 17 век.
Троица-Сергиева лавра, Успенска црква. Ентериер украсен со гранки бреза наспроти празникот Троица. Мај 1999.
Вилијам БрумфилдПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче