Насликани се јунаците од бајките на староседелскиот народ на рускиот Север Саами (Лапонците), бродови кои пловат по бескрајните пространства на Северниот Леден океан, поларната ноќ во вид на девојка и други мурали карактеристични за рускиот Север.
Какви очи! Уметникот Дамир Бозик на фасадата на повеќекатна панелна зграда наслика портрет на северна убавица која хипнотизира со погледот. Невозможно е да ја одминете и да не погледнете во неа.
Скица на пријатна домашна атмосфера: дете си пие чај од својата омилена шолја со цвеќиња, а до него на столче седи плишано мече. За највнимателните набљудувачи уметникот Артјом Хазанов на него го сокрил својот заштитен знак ¬– „дедото-ѓеврек“.
Вака локалната сликарка Вероника Вологжаникова ја доловува поларната ноќ во Мурманск. Девојката на дланката ги држи ѕвездите и месечината што ги осветлува куќите.
Легендите и бајките на автохтоните народи на Северот го најдоа своето место во дворовите на повеќекатниците во Мурманск. Нивен автор е јакутската сликарка Кидана Игнатјева, која во своите дела со задоволство користи традиционални мотиви. На фасадата наслика девојка во народна носија на Саамите (Лапонците), ирвас и поларната ноќ.
А од другата страна на истата зграда, современа жителка на Мурманск, завиткана во ќебе со шара од прозорецот на зградата, гледа во минувачите. Овој мурал е дело на локалната сликарка Марија Михајленко, за која панелната зграда е лицето на руските градови, а девојката завиткана во ќебе ја доловува топлината на домот.
Во секоја куќа што има тепих е многу потопло, дури и ако тој тепих е насликан на фасадата. Сликарката Марија Рудаковска го засили чувството на топлина така што на мотивот на тепихот наслика огромен мачор кој си игра со фигура од риба.
Соседниот двор послужи како пристаниште за два насликани брода. Нивниот автор Иљја Бајдаковски на другата зграда прикажа балкон со поглед на залив, ридови и рибарски брод.
А тука е советскиот торпеден чамец ТКА12, кој служел во Северната флота за време на Втората светска војна.
Девојките со книги се едни од најпознатите субјекти на сликарот Андреј Жикиќ, чиј псевдоним е Artez. Можат да се видат во различни градови низ Европа. Погодете која книга со толкав интерес ја чита оваа девојка од Мурманск?
Ирвас или човек? За да распознаете што се крие во ова фантастично суштество треба да се оддалечите неколку метри од зградата. Муралот е огромен! Дизајниран е од уметникот Дмитриј Потапов, инспириран од легендите на староседелците Саами (Лапонци).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче