Поларен ден во Норилск. Поларниот ден почнува на 19 мај и трае до 25 јули.
Денис Кожевников/TASSНајважната разлика помеѓу овие природни појави е тоа што сонцето воопшто не заоѓа во текот на поларниот ден. Тоа се случува на географските широчини над Северниот поларен круг (66°33′) и колку сме поблиску до Северниот пол, толку подолго трае поларниот ден.
Во Норилск (69°20′) сонцето не заоѓа 68 дена, од 19 мај до 25 јули. Во Мурманск (68°58') не заоѓа 62 дена, од 22 мај до 22 јули. Во Диксон (73°30′), една од најсеверните населби во светот, не заоѓа од 5 мај до 10 август. Во Салехард, кој се наоѓа токму на Северниот поларен круг, од 7 јуни до 7 јули.
Санкт Петербург, обично доцна навечер кон крајот на јуни. (Едреникот „Русија“ за време на прославата „Алови едра“ во чест на матурантите).
Роман Пименов/TASSМеѓутоа, во текот на белите ноќи сонцето сепак заоѓа малку зад хоризонтот и помеѓу зајдисонцето и изгрејсонцето настапува самрак. Белите ноќи се феномен кој е карактеристичен за подрачјата над 60°34′ географска широчина. Во Јакутск (62,0°) траат од средината на мај до јуни, во Архангелск (64,5°) од 17 мај до 26 јули. Бели ноќи има дури и во Санкт Петербург (од 11 јуни до 2 јули), иако тој се наоѓа малку јужно од споменатата географска широчина.
Поларен ден во Норилск.
Ана СорокинаНајважно е да се истакне дека периодот на белите ноќи настапува и на Арктикот, пред и по поларниот ден. Во Норилск и Мурманск трае помалку од еден месец пред и исто толку потоа. Во Диксон, белите ноќи траат од 18 март до 27 септември, не сметајќи го поларниот ден во текот на летните месеци.
Поларен ден во Мурманск
Павел КузмичовДали можеби сте биле на север за време на поларниот ден?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче