ДВЕ ЕЗЕРА ВО ЕЗЕРО: Необична појава на Соловецките острови (ФОТО)

Наука путешествовать
Бублик и Калач – така, со имињата на видови печива, народот ги нарекол двете езера кои се наоѓаат во трето. Како е можно такво нешто?

Соловецките острови се архипелаг во Белото Море со површина од 347 квадратни километри. Остатоците од човечки населби на ова древно место потекнуваат од шестиот милениум пред нашата ера. И денес ова место крие многу тајни. Една од нив долго време беа и овие две езера - Бублик и Калач.

Што се Соловецките острови?  

Соловецките острови се состојат од шест големи острови - Соловецки, Анзерски, Голема Муксалма, Мала Муксалма, Голем зајачки и Мал зајачки - и уште стотина помали. Тоа е територија на Крајниот Север. Просечната температура лете во тие региони е околу 11 степени, а зиме 30 степени.

Соловецкиот ставропигиски машки манастир и Соловецките лавиринти се најпознатите објекти на островите. За време на советското владеење, на територијата на манастирот имаше работен логор низ кој поминаа околу 200 илјади затвореници (секој трет беше стрелан). Камените лавиринти на Големиот зајачки остров се меѓу најголемите од ваков вид на северот на Европа.

Но, островите нудат и поради тешката пристапност помалку популарни „знаменитости“ како што се езерата Калач и Бублик.

Езера во езеро

Калач и Бублик се езера кои како да „пловат“ во третото езеро наречено Големо црвено. Тие се наоѓаат на Соловецкиот остров и се интересни првенствено поради тоа што се опкружени со појас од мочурливо земјиште и практично се сметаат за посебни езера. Можете дури и да пешачите по овие мали островчиња околу Калач и Бублик (но многу внимателно, бидејќи може да пропаднете).

Овие пловечки острови (како што е името на оваа појава) настануваат поради силните ветрови кои ја кинат вегетацијата на бреговите и од неа создаваат компактна маса на вода. Тука се придодаваат алгите и тресетот од дното на езерото. Се одржуваат на водата со помош на воздухот во корените на растенијата. Со текот на времето оваа маса расте и може да достигне дебелина од неколку метри и површина - доколку локацијата дозволува - од неколку хектари.

Иако пловечките острови не се единствен феномен, Калач и Бублик се издвојуваат од останатите. Нивните брегови, имено, не се просто збиена растителна маса, туку оваа маса формира прстен, во чии рамки се формира уште едно езеро.

Како да стигнете таму?

До Соловецките острови можете да стигнете со авион од Архангелск. Билетите треба да ги резервирате најмалку две недели однапред. Затоа треба навреме да го испланирате патувањето.

За да стигнете до Големото црвено езеро во кое „пловат“ Калач и Бублик, треба да отидете прилично длабоко во ненаселените краишта северозападно од градот Соловецки. Најдобро е да најдете водич кој безбедно ќе ве однесе до саканото место.

Патем, Калач и Бублик се наоѓаат на различни краеви на езерото. Затоа, за попријатно патување, добро е да изберете едно од нив (Бублик е малку поблиску до градот Соловецки).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња