„Не можеш да излезеш надвор, затоа што ако ти налета трупец, готов си“, вели Екатерина од Улан Уде, опишувајќи го овој разорен ветер со необичното име „сарма“. И таа воопшто не претерува, бидејќи налетите на ветерот можат да достигнат и 60 m/s, а тоа е максималната брзина што ја развива возот „Сапсан“ (215-230 km/h). Таквите бурни ветришта лесно откорнуваат дрвја, ги носат покривите како да се направени од хартија и потопуваат големи бродови.
Бајкалски пејзаж со ветрот „Сарма“.
Фрејдберг/Sputnik„Сарма“ се создава кога воздушните струи ќе се судрат со Приморскиот гребен и потоа, откако ќе го совладаат планинскиот венец, со голема брзина се спуштаат кон Бајкалот. Најчесто таков ветер беснее во есен и зима. Тогаш жителите на истоименото село ги врзуваат покривите на своите куќи за земја за да не ги однесе ветерот, бидејќи селото е точно на патот на разорната стихија.
Бурјатите имаат легенда за потеклото на овој ветер. Имено, Сарма била дух и поседувала ковчеже. Штом ќе го отворела, Бајкалот почнувал да се буди. Ветровите Баргузин и Култук се фатиле во костец, сметајќи дека Сарма ќе стане сопруга на оној што ќе излезе како победник од таа борба. Меѓутоа, Сарма ги одбила и двајцата, па несреќните ергени решиле да ѝ се одмаздат со кражба на ковчежето. Подоцна тоа ковчеже ќе го најде рибарот Ољхон и ќе ѝ го врати на Сарма, за потоа да ѝ стане маж. Баргузин и Култук не можеле да се помират со тоа и им објавиле војна на Сарма и Олхон. Но, наместо да поттикнува омраза и непријателство, Сарма им предлага спорот да се реши на друг начин - кој ќе успее да ја стигне, нему ќе му биде жена. После тоа Сарма се претворила во ветер и никој не успеал да ја фати!
Бурјаните веруваат дека „Сарма“ почнува да беснее кога на Бајкалот ќе му се земе нешто многу вредно или кога луѓето го загадуваат. И тоа не е чудно, бидејќи сите народи што живеат во близина на езерото го почитуваат ова место и го третираат како нешто живо.
Спасувачки тим на Министерството за вонредни состојби им помага на туристите зафатени со снежна бура на Бајкалот.
Министерство за вонредни состојби на Русија за Иркутската област/TASSОд првите навестувања до првите налети на ветрот обично се потребни околу 2-3 часа. Ако над Приморскиот венец видите облаци во облик на печурка со јасни рабови, тоа значи дека треба да организирате подготовки за дочек на бурата.
Последниот и највпечатлив знак е отворањето на таканаречените „порти“ - процепи меѓу планинските врвови и облаците. „Сарма“ обично наидува 15-30 минути после тоа. Ако одлучите да го посетите Бајкалот, запомнете ги овие предвесници на бурата и бидете многу внимателни. Бајкалот е најдобро да се посети во текот на летото, кога времето им е наклонето на патниците.
Накратко - многу е опасна! Локалните жители се навикнати на такви каприци на природата, а за неинформираните патници, средбата со моќниот ветер може да заврши трагично, како што повеќе пати се има случено на бреговите на Бајкалот.
Туристи на Бајкалот во зимскиот период
Legion MediaНајголемата трагедија се случила ноќта меѓу 14 и 15 октомври 1901 година, кога „Сарма“ го потопила паробродот „Јаков“, кој влечел уште три брода. Ветерот ги однел бродовите, а сите 178 патници ги загубиле животите: некои од силината на ударот на ветрот во бродот, а некои од хипотермија во ледената есенска вода на Бајкалското езеро.
После тоа, во следните неколку години, овој ветер потопил уште неколку бродови. И уште порано, во XVII и XVIII век, многу несреќни рибари на мали чамци честопати не успевале да се вратат на брегот навреме и исчезнале засекогаш во турбулентните длабочини на Бајкалот.
Денес вакви несреќи не се случуваат многу често. „Луѓето сега можат да препознаат кога се приближува „Сарма“ и знаат дека е подобро да бидат подалеку од Бајкалот“, додава Екатерина, зборувајќи за своето искуство за време на бурата. „Но, тогаш, немавме среќа, нé закачи „Сарма“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче