Откако за првпат ја посетил Русија во 2019 година, Ричард Бергандер добил инспирација да учествува во скајранинг натпреварот на ледениот врв Елбрус. Со оглед на тоа што се занимавал со алпски екстремни спортови во своите помлади години, со натпреварувања на егзотични локации од Јапонија до Кенија, се сосредоточи на освојување на највисокиот врв во Русија и во Европа – на Кавказот. Ова е неговата приказна.
На Елбрус и на водопадот Азау Гладе
Richard BurgunderПривлечноста за искачувањето на Елбрус со години ме интригираше и ме збунуваше. Со 5.642 метро, ова е највисоката планина во Европа. Северен Кавказ, дел од Русија што сакав да го видам, по моите први посети на Москва и Санкт Петербург, ме мамеше. Тоа беше околу Божиќ 2022 кога решив да се посветам на натпреварот на трката „Ред Фокс Елбрус 2023“, меѓународен скајранинг настан кој се одржува секоја година во мај.
Иако се немав натпреварувано од 2014 година, по една деценија долга кариера на професионален екстремен спортист, останав активен и ја одржував својата кондиција преку редовно брзо пакување, планинарење и трчање по патека. По отприлика еден месец доследен тренинг и со чувство на увереност во својата кондиција, поднесов барање за руска виза со покана од промотерот на трката. И покрај извесната загриженост поради влошувањето на геополитичките услови, процесот мина изненадувачки мирно.
Мојата тригодишна повеќекратна туристичка виза беше обработена во рок од неколку дена и одлетав во руски Минерални Води (најблискиот аеродром до планината Елбрус) преку Ерменија. Возењето низ регионот беше пријатно. Бев маѓепсан од неговата непрегледна пространост, како и со односот и почитувањето што го покажуваа мештаните.
Многумина руски спортистите ја пофалија мојата храброст што допатував во Русија во турбулентни времиња, додека други, како службениците на пасошката контрола, ми посакаа среќа во натпреварувањето. Во целиот регион почувствува силно чувство на заедница и инклузивност, што укажуваше на тоа како руските културни и етнички групи хармонично коегзистираат илјадници години.
Во петок, 5 мај, учествував на својата прва трка од фестивалот, „Вертикален километар“. Оваа исклучително предизвикувачка трка вклучуваше качување на 1.000 метри. Тргнавме од полјаната Азау Гладе на 2.450 метри висина и завршивме на станицата Мир на 3.450 метри. Јас завршив на 92 место со време од 1:22:06. Со оглед на тоа што моето време беше под два часа, се квалификував за натпреварот на „Небесниот маратон“ во неделата.
Старт на трката Вертикален километар
Роман Барабонов„Вертикален километар“ беше страшна трка, со стрмни и заморни нагорнини. Температурата на почетокот беше блага (околу +1°C), но падна на постудени -3°C додека се приближував на станицата Мир.
Брзо сфатив дека мојот тренинг е неадекватен за екстремната природа и за ултранатпреварувачкиот терен на оваа трка, но многумина спортисти ме бодреа на тој пат и спортскиот дух немаше мана.
Ричард (лево) за време на трката Вертикален километар
Роман БарабоновМинувајќи ја целната линија, бев преплавен со емоции, а многумина учесници ме гушкаа. Тоа беше возбудлив и радосен момент што никогаш нема да го заборавам. Неверојатната поддршка од сите го пробуди во мене и во другите спортисти она најдоброто.
Камп Гарабаши-Бочки
Richard BurgunderПо еден ден одмор, отпатував до базата и до кампот на врвот познат како Гарабаши-Бочки („Бурад“) на 3.880 метри, една ноќ пред Небесната трка. Првобитно планирав да се натпреварувам на Скајмаратонот (Небесен маратон), но потоа преминав на Скајтрка (Небесна трка), која започна во Гарабашиј, наместо на Азау Гладе. И двете трки требаше да завршат на врвот на планината Елбрус, но планот се смени поради неповолните временски услови.
Во 3 часот наутро, ноќ пред стартот, официјалните лица, повикувајќи се на загриженост поради безбедноста на учесниците, одлучија и двете трки да се качуваат само на карпата Пастухов на висина од 4.550 метри, а не на врвот. Учесниците потоа завртија и завршија на Гарабаши-Бочки.
Мојата ноќ на Гарбаши-Бочки беше уникатно и незаборавно искуство. Погледот на планината Елбрус и на Северен Кавказ беше исклучителен со бескрајните правци во сите насоки. Ветровите беа јаки и гласни во текот на целата ноќ, ме разбудија рано утрото, но инаку добро спиев.
Во неделата на 7 мај се разбудив околу 5 часот наутро. Временските услови беа екстремни и се влошуваа. Сите знаевме дека нѐ чека изненадување, но поголемиот дел не сфати колку навистина ќе биде опасно на планината во текот на трката. Кратко по стартот снежните врнежи се засилија.
Во рок од неколку стотини метри од свртувањето на 4.550 метри условите на планината беа слични на бура. Температурата на стартот беше -5° C, но падна на околу -12° C на карпите Пастухов.
Поради влошувањето на временските услови свртувалиштето престана да „функционира“ и вистинските судии беа принудени да ја затворат рутата од безбедносни причини. Со постојани ветрови од 50 километри на час, заслепувачки снег, речиси нулта видливост, грмежи и молњи, беше неверојатно возбудливо и застрашувачко искуство.
Поради екстремните временски услови во еден момент видов и фатаморгани низ очилата за сонце. Црвените знаменца кои се користеа за обележување на патеката и другите учесници ми ги создаваа тие фатаморгани. И покрај морничавото чувство, ние спортистите се држевме заедно и внимававме еден на друг со цел сите безбедно да се вратиме. Завршив на 49 место со време од 2:25:48. Небесната трка беше авантура и предизвик кој никогаш нема да го заборавам.
Ричард Бергандер е основач и генерален директор на фирма за професионални услуги. Можете да го следите на Burgunder.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче