Крајот на земјата изгледа токму онака како што сте го замислувале! Русија зазема огромен дел од Евроазија и нејзините крајни географски точки се наоѓаат таму каде што практично и нема луѓе. На исток и на север, покрај континенталните точки, има и острови и сите тие не се само крајните точки на Русија, туку и на цела Евроазија.
‘Ртот Дежњов, Чукотски автономен округ
Јуриј Смитјук/TASSВисокиот карпест брег е многу стрмен, ветерот ве соборува, а пред вас се студените и бурни бранови на Беринговиот теснец. На ведро време (што не е често случај на Чукотка) одовде се гледа Алјаска.
‘Ртот Дежњов го добил името по козакот Семјон Дежњов кој ги истражувал новите предели. Тој го открил ова место (како и многу други територии на Далечниот Исток) на средината на XVII век.
Дури и денес патувањето до ‘ртот Дежњов припаѓа на сферата на екстремниот туризам. За такво нешто потребна е физичка и духовна подготовка. Најблиската населба е источното село Улен до кое се патува 10-15 километри низ тундра (пат, се разбира, нема).
И покрај сé, на ‘ртот секоја година доаѓаат по неколку стотици туристи придружувани од искусни локални водичи. Подетално за ‘ртот Дежњов тука!
Ратманов остров, Чукотски автономен округ
В. Грицјук/SputnikДали знаете дека Русија и Америка се оддалечени само 4 километри една од друга? Тие се на различни континенти, но имаат заедничка граница помеѓу островите Диомед во центарот на Беринговиот теснец.
Тие се оддалечени по 35 километри од своето копно, т.е. од Чукотка (Русија) и од Алјаска (Америка), а меѓу крајниот руски и крајниот американски остров има само 3.750 метри. Овде поминува линијата каде што официјално се менува тековниот датум.
Ратмановиот остров (или Голем Диомед) е најисточната островска точка на Русија. Тука има база на руските граничари. Како и ‘ртот Дежњов, Ратмановиот остров административно припаѓа на Чукотскиот автономен округ.
‘Ртот Чељускин
Legion MediaОвој ‘рт го добил името по морепловецот Семјон Чељускин кој живеел во XVIII век. Се наоѓа на крајниот север на полуостровот Тајмир (Краснојарски крај). Во 1742 година Чељускин заедно со својот одред стигнал до ова место и првично му го дал името Источно-северен ‘рт, а дури во 1878 година Руското географско друштво му го доделило на ‘ртот името на откривачот. Тогаш биле составени и картите на Тајмир. Меѓутоа, дури во 1919 година овој ‘рт беше прогласен за најсеверната точка на континентот, бидејќи во тоа време веќе беше можно да се пресмета со помош на научни методи.
Од 1932 година, на Чељускин работи поларна станица, каде што зимуваат најмногу осум луѓе. Тие ги следат поларната светлина, атмосферските врнежи, почвата итн. Тука се наоѓа и најсеверниот аеродром во Евроазија.
Мирослав Бабушкин испитува дувло на бела мечка на ‘ртот Флигел на Рудолфовиот остров.
Владимир Мељник (CC BY 4.0)Крајната точка на островот се наоѓа на 450 метри северно од ‘ртот, но сè уште нема име. Се наоѓа на Рудолфовиот остров во Северниот Леден Океан, во состав на архипелагот Земјата на Франц Јозеф (административно припаѓа на Архангелската област). Овде зимата трае (речиси) преку целата година и нема никакви населби, но во 2003 година тука беше поставен крст од ариш тежок 300 килограми.
До ова место може да се стигне само со мразокршач, така што туристите овде се голема реткост.
Рагдан, поглед од врвот на планината Чарундаг.
Андреј Купријанов (CC BY 4.0)Планинскиот врв Рагдан се наоѓа на границата меѓу Дагестан и Азербејџан. Најјужната точка на Русија е оддалечена околу 2,2 километри од врвот. Нема име, но се знае дека нејзината надморска височина е поголема од 3.500 метри (малку пониска од врвот Рагдан). Тука не можете да сретнете човек, но затоа овие места ги обожаваат исклучително ретките леопарди од Југозападна Азија.
Искачувањето на планината трае неколку дена и подразбира дека треба да бидете во добра физичка форма.
Поглед на Балтичкиот провлак во Балтијск.
Михаил Голенков/SputnikКалининградската област е најзападниот регион на Русија, така што и најзападната точка се наоѓа веднаш до граничниот премин Нормелн на границата со Полска. Границата се протега по должината на Балтичкиот провлак, каде покрај граничната зона се наоѓа и населбата Коса, како и природни и архитектонски знаменитости. Провлакот е поврзан со континенталниот дел со траект.
А еве каде на картата на Русија се наоѓаат најисточната, најсеверната, најзападната и најјужната населба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче