Русија ja отвора сезоната на фонтани! Погледнете ја таа убавина

Петар Коваљов/TASS
Во многу градови во Русија почнаа да работат јавните фонтани.

На почетокот на мај, во повеќето градови во Русија започнува сезоната на јавните фонтани. Меѓу првите свечено проработија величествените каскади во Петерхоф во близина на Санкт Петербург.

Во Москва во последните 10 години се појавија повеќе од 60 нови фонтани, а почнаа да работат и реконструираните фонтани во ВДНХ, во паркот Царицино и на Поклонаја Гора.

Светлосно-музичките фонтани по обновата, Царицино.

Покрај обичните фонтани, во Москва можете да видите и пловечки фонтани на Одводниот канал, во близина на Третјаковскиот (Лушковиот) мост. Целата композиција се состои од 17 фонтани и секоја тежи 300 кг. Навечер на нив се пали ефективно ноќно осветлување.

Пловечките фонтани на Одводниот канал, Москва.

Во Владивосток фонтаните почнаа да работат на 1 мај.

Фонтани, Спортски кеј, Владивосток

Можете да уживате во нивната убавина на Спортскиот кеј, во улицата „Адмирал Фокин“ и во близина на универзитетот. Работната сезона е до 1 октомври.

А во Новосибирск, според традицијата, прва проработи фонтаната во зоолошката градина (да, да, токму онаа каде што живеат најдружељубивите манули на светот).

Руските одморалишта на Кавказот и Црното Море се веќе подготвени за големиот број гости.

Адлер

Ќе ги пречека убаво време и фонтани со осветлување. Вистинско освежување во топлите летни денови!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња