Во делтата на Волга и на брегот на Каспиското езеро расте редок вид - каспискиот лотос. За него се грижат вработените на Астраханскиот резерват.
Долината на лотосот во Астраханската област.
ФГБУ Астрахански државен резерват на природатаНаучниците претпоставуваат дека „свештената билка“ ја донеле птици преселници од Индија и Кина. Во нивните црева може да останат семињата на лотосот, кои потоа ‘ртат кога ќе се најдат во вода. Постојат и други верзии, дека лотосот го донеле номадски племиња или дека ова е всушност автохтоното живеалиште на егзотичната билка.
Долината на лотосот во Астраханската област.
Ј. Полонски/ФГБУ Астрахански државен резерват на природатаЛотосот интензивно цвета и во руската република Калмикија. Во еден од разгранетите краци на делтата на Волга има цели полиња под лотос. Цветањето на „цветот на Буда“ е своевидна визит-карта на оваа република, бидејќи за будистите на Калмикија лотосот има свето значење. Според легендата, лотосови цветови паднале како дожд од небото кога се родил Буда, а потоа се појавувале на местото каде што стапнала ногата на малиот Буда.
Белиот лотосов цвет е прикажан дури и на знамето на република Калмикија.
Знамето на Калмикија
Public domainГорните пет ливчиња на лотосот ги симболизираат петте континенти на земјината топка, а долните четири се четирите страни на светот, симбол на аспирациите на луѓето од оваа република за пријателство и соработка со сите народи во светот.
Езерото на лотосот во Средњеахтубинскиот реон на Волгоградската област.
Redboston (CC BY-SA 4.0)Има уште едно место на Волга каде што живее лотосот. Езерото на Лотосот се наоѓа на водоплавното земјиште покрај реките Волга и Ахтуба. Ова исклучително убаво место го открија во 2007 година жителите на блиското село Красни Буксир.
Средњеахтубински реон, Волгоградска област.
Попрошаев Сергеј (CC BY-SA 4.0)Сè уште се дискутира за тоа како лотосот се појавил на ова место. Романтичната верзија гласи дека еден мештанин ѝ подарил на сопругата езерце со цвеќиња, но не кажува како ги засадил и одгледал лотосите.
Расцветани лотоси на езеро во Краснодарскиот крај.
Виталиј Тимкив/SputnikЛотосот изобилно цвета и на Таманскиот полуостров, во Краснодарскиот крај. На крајот на XVIII век, по наредба на Екатерина II, овој полуостров бил населен од Козаци, но се покажало дека земјата не е плодна и нема доволно питка вода. Поради оваа причина, во XIX век Козаците ископале уште еден крак во делтата на реката Кубањ, и тој се нарекува Козачки канал. Го поврзува Кубањ со вливот на Ахтаниз, кој на тој начин стана слатководен.
Расцветани лотоси на езеро во Краснодарскиот крај.
Виталиј Тимкив/SputnikТокму во оваа слатководна акумулација научниците во ХХ век, по долготрајни експерименти, успеаја да одгледаат лотоси. Првите цветови никнаа во текот на 1980-тите, а сега долината на лотосот се протега на 2 квадратни километри.
Расцветани лотоси на езеро во Краснодарскиот крај.
Виталиј Тимкив/SputnikВистина, до оваа убавина може да се стигне само со чамец.
Лотосот сака топлина и најмногу расте на југ, а во Курската област е најсеверната точка каде што цвета. Во 2015 година, во малата населба Маршал Жуков за прв пат беа забележани бледорозови лотоси и оттогаш тие цветаат овде секоја година, привлекувајќи го вниманието на научниците и туристите. Според една верзија, некоја мештанка истурила семе на ова растение во езерото, воопшто не надевајќи се дека ќе се фати.
Лотоси „Комаров“ на езерото кај Усуријск во Приморскиот крај.
Антон Балашов/SputnikНа рускиот Далечен Исток „живее“ голема популација на лотоси. Додека на југот на европскиот дел на Русија е широко распространет каспискиот лотос, во неговиот азиски дел расте загрозениот лотос со семе како орев, или лотосот „Комаров“, како што уште го нарекуваат.
Лотоси „Комаров“ на езерото кај Усуријск во Приморскиот крај.
Антон Балашов/SputnikЕден од најживописните локалитети е езерото Карасиное во близина на Арјомовската термоелектрана. Се наоѓа во Приморскиот крај, во близина на Владивосток.
Деца на езерото Карасиное кај Артјомовската термоелектрана во Приморскиот крај додека цвета лотосот „Комаров“.
Виталиј Ањков/SputnikЦели плантажи на лотос цветаат и на езеро близу Усуријск.
На езерото Карасиное кај Артјомовската термоелектрана во Приморскиот крај додека цвета лотосот „Комаров“.
Виталиј Ањков/SputnikА на езерото Басен близу селото Јаковлевка во Приморскиот крај се одржува дури и фестивал на лотосот.
Лотоси на езерото Басен близу селото Јаковлевка.
Виталиј Ањков/SputnikЛотоси на езерото кај селото Галкино.
Јуриј Золотарјов/SputnikВо селото Галкино, во близина на кинеската граница и Хабаровск, се наоѓа и познатото Езеро на лотосот. Инаку, лотосот „Комаров“ сака дождливи и топли лета, а цветовите ни случајно не смеат да му се откинат, инаку поголемиот дел од растението ќе биде уништен.
Лотоси на езерото кај селото Галкино.
Јуриј Золотарјов/SputnikДалекоисточните лотоси се реликтни, се задржале уште од најстаро време. Научниците сметаат дека растеле на подрачјето на Амур, Усурија, Тунгуска и други реки уште пред ледената доба, кога климата била потопла.
Амурска област е уште еден далекоисточен регион каде што може да се види „цветот на Буда“. Низ целиот регион се расфрлани неколку езера каде што цвета лотосот. Областната власт составува дури и мапа на локациите каде што лотосот веќе процветал и каде наскоро ќе процвета.
Лотоси на езерото Кривое кај Хинганскиот резерват.
Denis17012005 (CC BY-SA 4.0)Особено познат по своите лотоси е Хинганскиот резерват. Таму овие растенија можат да се видат на езерата Долгое и Кривое. А ако имате среќа, истовремено можете да ги видите и ретките загрозени жерави кои свиваат гнезда во резерватот.
На едно од езерата во Белгородската област.
Валериј Морјев/SputnikПрвите цветови на лотос се отворија во 2015 година и во рибникот во близина на селото Биковка во регионот Белгород. Огромните ливчиња веднаш го привлекоа вниманието на новинарите и фотографите-аматери.
Семето на егзотичното растение на ова место го донесе Анатолиј Баканов од Далечниот Исток, од каде пред неколку години со семејството се пресели во овој регион. Тој се обиде да ги одгледува овие цветови и во неколку други езера, но ќудливата билка се зафати само овде.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче