Жителите на Сочи можат да уживаат во последните топли денови на брегот на Црното море, додека во Москва и Казан почнува доцната есен. А зимата веќе пристигна на Урал.
Жителите на Екатеринбург го дочекаа првиот снег на 26 септември, иако на Урал снегот обично почнува да паѓа на почетокот на октомври.
Во сибирските градови првиот снег обично паѓа во втората половина на септември, додека во ноември веќе владее вистинска зима. Додуша, големите студови доаѓаат малку подоцна.
Во Новосибирск првиот снег падна на 28 септември.
Во Братск во Иркутската област првиот снег исто така пристигна на 28 септември.
Првиот снег веќе ги изненади жителите на Кемерово и Краснојарск (јужен Сибир), некои делови на Јакутија (Далечниот Исток), Мурманск (север), па дури и Башкирија и Костромската област (централна Русија).
Нерјунгри, Јакутија, снег на крајот на септември 2021.
Андрей Сорокин/SputnikВо планинските региони на Алтај (Сибир), новиот снег веќе падна кон средината на август. Иако ланскиот сé уште беше тука.
Алтај, лето 2021.
Андрей Варенков/SputnikМногу делови на руската поларна област исто така сé уште имаат снег од ланската зима. Освен тоа, снег паѓаше на Чукотка во текот на август.
Анадир, август 2022.
Вячеслав Викторов / РосконгрессНа 14 октомври во Русија се слави традиционалниот христијански празник Покров на Пресвета Богородица.
Руската православна црква на тој ден го слави јавувањето на Богородица со покров, а според верувањата на старите Словени, тоа е денот кога се среќаваат есента и зимата. Често е токму времето на првиот снег. Иако главно се однесува на централниот дел на Русија.
Овде го гледате првиот снег во градот Кинешма.
Кинешма, ноември 2021.
Владимир Смирнов/TASSВо Москва снегот обично почнува да паѓа на крајот на октомври, но брзо се топи. Постојан снег почнува да ја покрива Москва дури во декември.
Москва, ноември 2021.
Алексей Куденко/SputnikВо Санкт Петербург снег паѓа во ноември и зимите овде обично не носат големи студови. Но, има многу студен дожд. Додуша, зимата 2021 година беше полна со снег и во Санкт Петербург!
Зима 2021/2022 во Санкт Петербург
Алексей Даничев/SputnikНа Далечниот Исток (Владивосток, Јужно-Сахалинск, Петропавловск-Камчатски), локалното население ужива во првиот снег во ноември.
Владивосток во ноември 2021.
Виталий Аньков/SputnikДодека во јужните градови на Русија првиот снег паѓа поблиску до крајот на декември, понекогаш дури во јануари. Додека неколку години воопшто и не паѓа, иако тамошните жители не жалат поради тоа. Палмите под снег и не се некоја многу вообичаена глетка.
Зимата 2021/2022 во Сочи
Дмитрий Феоктистов/TASSПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче