Познатото зимско одморалиште на Кавказ: Како изгледа Домбај лете?

Legion Media
Многу љубители на зимските спортови знаат за Домбај и го поврзуваат исклучиво со снег, бидејќи е едно од најпопуларните зимски одморалишта во Русија. Но, и лете оваа област е исто толку убава – ја красат миризливи ливади како оние на Алпите, зимзелени шуми и планински езера.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Домбај е планински предел на југот на Карачаево-Черкеската Република на Руската Федерација и истоименото село на надморска височина од околу 1600 метри. За Домбај велат дека е „срцето на Северен Кавказ“. Тоа е вистинска „Мека“ за алпинистите и љубителите на екстремните зимски спортови и воопшто зимувањето. Домбај од сите страни е опкружен со врвови високи 3000 и 4000 метри. Но, дури и во текот на летото ова е популарна туристичка дестинација за луѓето кои сакаат трекинг и планинарење, ѕвездено небо и недопрена природа.

Населбата Домбај

Се наоѓа на Домбајската Полјана, во котлината каде што се „спојуваат“ три кањони: Бомбај-Уљген, Аманауз и Алибек. Околу населбата се наоѓаат високи планински врвови, а самата населба е почетна точка за многу еднодневни и повеќедневни планинарски тури низ Домбај.

Превојот Гумбаши

Највисокиот планински превој во Русија, со највисока точка на 2250 метри надморска височина. Преку превојот е изграден асфалтен пат, така што Гумбаши може да се помине пеш, преку планински ливади и со автомобил по серпентини.

Оттука има фантастичен поглед на Елбрус, највисокиот планински врв во Русија и Европа.

Кањонот Аманауз

Живописната патека води по должината на планинската река Аманауз (во превод „зла вилица“) и завршува кај моќниот Суфруџински водопад, на 5 километри од селото Домбај.

Влезот во просторот непосредно пред водопадот се плаќа и мора да имате пасош, бидејќи ова е погранична зона со Абхазија.

Жичарница

Во населбата има дури три вида жичарници. Најстарата е направена 1969-1970 година, а највисоката кота ѝ е на 3002 метри надморска височина. Минува низ високи зимзелени дрвја над брзаците на Аманауз.

Кабинската висечка жичарница е стара. Направена е 1987 година. Има два вагони во кои можат да се сместат 40 луѓе.

Најмодерната жичарница е гондолата. Тоа е најсигурниот и најбрзиот начин да се искачите на висина од 3168 метри.

Врвот Муса-Ачитар

Меѓу врвовите високи околу 3000 метри овој е најпристапниот, бидејќи до него води жичарница. Врвот е висок 3200 метри и е највисоката кота на истоимениот планински гребен.

На неговите падини се наоѓа неофицијалниот симбол на Домбај, кој може да се види на многу рекламни видеа, разгледници и магнети. Станува збор за хотелот „Тарелка“ („чинија“) во вид на вонземјански вселенски брод. Во 1979 година Домбеј го доби овој хотел како подарок од претседателот на Финска Урхо Кеконен. Има три соби во вид на бродски кабини и може да прими само 8 гости.

Бадучки езера

Во текот на летото за туристите станува достапно едно од најубавите места на Домбај, каскадата со езера на реката Бадук. Езерата се на надморска височина од 2000 метри. Лете до нив може да се стигне пеш за 5-6 часа лесен од. Пејзажите се како на Алпите, со ливади и планини во позадина, со кристално чиста површина на езерата и мек тепих од мов под нозете.

Мухински кањон

Мухинскиот кањон го красат елови шуми, црвени карпи, светлосино езеро и врвот Лисаја. Тоа е една од најпогодните дестинации за екскурзија на коњи.

Муруџински езера

Голубое (Сино) и Чорное (Црно) во долината Улу Муруџу се планински езера со ледена вода - токму она што освежува за време на летните горештини. До нив може да се стигне со автомобил или на коњ.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња