Од ова руско село до американскиот брег има само стотина километри (ФОТОГРАФИИ)

Legion Media
Живописно руско село е најисточната населба во цела Евроазија.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Плажата Уелен на Северниот Леден океан.

Позната како Уелен, населбата е сместена на тесен испакнат провлак во Северниот Леден океан, на само 96,5 километри од Алјаска.

Улицата на Уелен.

Денес има само 600 жители. Жителите главно се занимаваат со лов на китови, риболов и декоративно резбање на коски.

Русија, Магаданска област, Уелен, снимка од воздух.

Ова далечно село се наоѓа на пресекот на Тихиот и Северниот Леден океан, на ‘ртот Дежњов – најисточната точка на руското копно.

Маглив пејзаж со православната црква во чукотското село Уелен. Чукотка, Чукотски автономен регион, руски Далечен Исток.

‘Ртот го открил Семјон Дежњов во 1648 година. Тој го препловил Беринговиот теснец 80 години пред Витус Беринг. Љубителите на патувања кои го посетиле ова место велат дека тоа е „сурово ама убаво“.

Музичари и танчари на чукчо-ескимски фолклорен ансамбл во традиционална облека на брегот на морето, Уелен, Чукотка.

Порано најисточна населба во Евроазија беше Наукан, но таа е напуштена, така што оваа титула му припадна на Уелен.

Морски карпи, брегот на Беринговото море, околината на селото околина села Уелен.

Не е лесно да се дојде до селото Уелен. Од превозни средства се користат хеликоптер, кој лета во Уелен еднаш на две недели, чамец, теренски возила, моторни санки, па дури и кучешка запрега.  

Истоварање на свежо уловен морж.

Ова место на самиот крај на светот има малку необична клима: зиме не е премногу студено, а лете не е премногу топло.

Лето во селото Уелен.

Просечната зимска температура е -15 степени Целзиусови, а летната +7 степени Целзиусови.

Сушење на месо од морж.

Провлакот на кој се наоѓа Уелен е широк помалку од 300 метри. Тукашната земја не е погодна за живот, но населбата сепак има училиште, храм, поштенско одделение, ателје за резбање коски и станбени објекти.  

Во игра со куче, село Јупик, Уелен.

Овде постои и музеј во кој е изложена колекција уметнички дела од моржеви бивни, од кожа, крзно и коски од кит.

Изложба „Шах” (М. Вуквол, 1920-тих, Чукотка, село Уелен, моржева бивна, резбарење, гравирање, боење).

Во музејот можат да се купат тукашни сувенири.

Запрежни кучиња.

Населбата е толку оддалечена од цивилизација што операторите на мобилната телефонија успеаја да ја приклучат на своите мрежи дури во 2011 година.

Уелен, Чукотски регион, Русија – Населба Уелен, 28 јуни 2017; Улица со стари куќи и шупи.

Жителите главно се занимаваат со лов на китови. Чукотка е еден од малубројните региони во кои сè уште е дозволен некомерцијален лов на китови и моржови.

На брегот на Беринговото море.

Овде можете да го видите руското село на духови на Чукотка од каде погледот допира до Алјаска!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња