Русите покажаа рекорден интерес за патувањата со воз за Крим

most.life
Откако кон крајот на минатата година беше пуштен во работа железничкиот сообраќај преку Кримскиот мост, продадени се повеќе од 170 илјади билети во двата правци.

Така изминативе два месеца за возовите од Москва за Крим беа купени 47 илјади билети, а од Санкт Петербург 42 илјади, пренесуваат руските медиуми.

До почетокот на туристичката сезона ќе бидат воведени линии од Кисловодск, Екатеринбург и Мурманск до Крим. Од Москва и Санкт Петербург ќе има нови поаѓања, а во возовите освен од прва и втора, ќе се појават и вагони од трета класа. Освен Симферопол, возовите „Таврида“ ќе ги поврзуваат „двете руски престолнини“ со туристичките места Евпаторија и Феодосија.

Казањ: тргна првиот воз за Симферопол

„Досега добивме огромен број писма во кои се бара проширување на мрежата на превоз. Нé радува големиот интерес за патувања во правец на полуостровот, по тој повод се и воведени новите рути“, изјави генералниот директор на сообраќајното претпријатие „Гранд Сервис Експрес“ Александар Ганов. 

Првиот патнички воз „Таврида“ пристигна на полуостровот преку Кримскиот мост од Санкт Петербург. Еден од првите патници во возот што со нетрпение се очекуваше беше претседателот на РФ Владимир Путин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња