Распродадени 90 отсто од билетите за првиот воз на релацијата Москва-Крим

Кримски мост
Најбарани се местата во спалните вагони.

Во Москва се продадени 90 отсто од билетите за првите возови преку Кримскиот мост при што најпопуларни се спалните вагони, велат од дирекцијата за патнички услуги на федералното државно претпријатие „Кримски железници“, пренесува ТАСС.

Од компанијата „Гранд сервис експрес“ велат дека првиот воз од Санкт Петербург за Севастопол поаѓа на 23 декември и дека патувањето ќе трае 43,5 часа, додека на 24 декември заминува првиот воз од Москва за Симферопол и пристигнува на дестинацијата за 33 часа. Кримскиот мост прв ќе го помине возот од Санкт Петербург. Билетот ќе чини од 2966 рубли. Продажбата на билети за возовите за Крим кои први ќе поминат преку Кримскиот мост започна на 8 ноември во осум часот.

За возот што на 24 декември поаѓа од Москва за Симферопол се продадени деведесет отсто од билетите, од кои деведесет отсто за вагоните со купе, додека спалните вагони се комплетно распродадени. За возот што на 23 декември заминува од Санкт Петербург за Крим се продадени педесет отсто од билетите, 34 отсто од нив за вагоните со купе и 54 отсто за оние без нив, додека во таа композиција нема спалните вагони, велат од агенцијата.

Ширум Русија се продадени 40,884 илјади повратни возни билети за Крим, од кои 7, 851 илјади на Крим.

Погледнете како двокатен воз поминува преку Кримскиот мост

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња