Рај за инстаграмери: Во план отворање на Сибирските Малдиви за туристи

Михаил Решетников
Регионалните власти не се за подигнување огради, туку за пристигнување на туристи на кои би им се покажувала сета убавина на тиркизното езеро на депонијата од пепел и згура на термоцентралата ТЕЦ-5, кое стана познато низ целиот свет како Сибирските или Руските Малдиви.

Сибирската енергетска компанија СГК вети дека ќе размисли за тоа, пишуваат руските медиуми  за предлогот на регионалните власти за отворање на Сибирските Малдиви за туристи.

Раководителот на Секторот за информативна политика на владата на Новосибирската област Сергеј Нашумов предложи да се отвори туристичка зона на депонијата од пепел и згура на термоцентралата TЕЦ-5. Според него, тоа е многу побезбедно од оградување на територијата.

„Го разгледавме тоа прашање со енергетската компанија СГК, разговаравме за претворање на депонијата во дестинација за индустриски туризам. Речено е дека предлогот ќе биде разгледан. Во моментов навистина постои проблем, луѓето сакаат да се фотографираат таму, меѓутоа термоцентралата постави обезбедување. Тоа е технолошки објект, преку кој поминуваат инженерски комуникации, има пумпи, бреговите се стрмни. Меѓутоа, ако се направат видиковци, ако се вработи персонал, ќе биде испочитувана и безбедноста и ќе удоволено на желбите на граѓаните“, коментира Сергеј Нешумов.

Како што веќе пишуваа медиумите, на депонијата на термоцентралата е поставено обезбедување заради огромниот број на луѓе кои сакаа да уживаат во бајковитите глетки на езерото со нестварна тиркизна боја. Луѓето се возеа со чамци и на душеци таму каде што поминуваат инженерските комуникации, а енергетската компанија предупредуваше дека депонијата не е место за одмор.

Интересно е што за „Сибирските Малдиви“ пишуваа над 600 гласила во светот, а на социјалните мрежи се спомнати над 3600 пати. Затоа Нешумов смета дека од тоа би требало да се извлече полза. На потег се стручњаците кои треба да проценат кои дестинации се најбезбедни за поставување видиковци и места за сликање.

Ѕирнете ги руските Малдиви на крајот на светот (ФОТОГРАФИИ)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња