Москва се најде меѓу првите десет најпривлечни градови во светот според патничкиот водич „Најдобри патувања – 2017“ на издавачот „Лонли Планет“ што ќе излезе во ноември, се вели во соопштението на официјалниот портал на градоначалникот на главниот град на Русија.
Москва се најде во топ-10 градови заедно со Охрид, Лос Анџелес, Лисабон, Бордо и Сеул. Според мислењето на издавачот, активната изградба на нови метро-линии го прави движењето низ градот поудобно, а со отворањето на новиот аеродром „Жуковски“ ќе има поголем број удобни летови за Москва.
„Во Москва во 2017 година ќе се отвори паркот „Зарјадје“ (Зарядье). Тој ќе ги заинтересира гостите со ледената пештера, „лебдечкиот“ мост и „времепловот“ со чија помош ќе можат да патуваат низ неколку епохи. Во 2018 година во главниот град ќе се одиграат натпревари на Светското првенство во фудбал, но во процесот на подготовка за шампионатот уште сега повеќе од 800 хотели и 200 хостели поминаа специјална класификација“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Во патничкиот водич се наведени податоци за актуелните трендови во сферата на патувањата, различни начини за поминување на слободното време, земјите и градовите. Сите дестинации одговараат на определени критериуми, на пример, новата година во соодветното место се одбележува со некој настан или нов вид на забава. Секоја година се нудат стотици места кои би требало да им се допаднат на туристите од сите возрасти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче