6 места во Русија каде на туристите им се заканува опасност

Елбрус.

Елбрус.

Geophoto
Туристите во Русија можат да посетат многу убави дестинации со прекрасна природа и ценети архитектонски споменици, но, како и секаде во светот, некои места се опасни за животот и за здравјето и не можат да се препорачаат за туристичка дестинација. „Руска реч на македонски“ состави список на овие места,

1. Карабаш – реквием за екологијата

ТАССТАСС

Градот Карабаш во Чељабинската област (1.200 километри од Москва) експертите на ОН во 1989 година го прогласија за „црна точка на планетата“. Доколку се искачите на Покајничкиот крст над Карабаш ќе ви стане јасно каква штета човекот може да ѝ нанесе на природата: „голи“ црни планини, портокалова вода и земја испукана како на Марс. Овој град многумина го нарекуваат „апокалипса на живата природа“. Од 1974 година имаше неколку обиди да се затвори комбинатот за преработка и за топење бакар кој има уништено сè живо во круг од неколку десетици километри. Топилницата за бакар е затворена дури во 1989 година, но контаминираното земјиште и понатаму паѓа од планините.

 Lori/Legion-Media Lori/Legion-Media

Ерозијата не можеше да се запре и покрај обидите за рекултивација и пошумување. Од врвот на Гола планина, на која се наоѓа крстот, се гледа дека отровната јаловина сè повеќе се приближува до чељабинските езера. Од друга страна на планината се гледаат црни „брда“ згура во чие подножје се наоѓаат трошни куќи на локалното население. Оние кои ја имаат посетено „црната точка“ велат дека во „бакарната долина“ им се чинело дека се нашле на некое надреално место, а Карабаш го споредуваат со „границата помеѓу светот на живите и на мртвите“.

2. Нориљск – најзагадениот град во Русија

Lori/Legion MediaLori/Legion Media

Во овој некогаш убав град со интересна старинска архитектура која се наоѓа на северот на Краснојарскиот крај (2.800 километри од Москва), снегот е црн, а во воздухот се чувствува мирис и вкус на сулфур. Во Нориљск и околината се произведуваат тешки метали: бакар, никел, олово, селен и цинк. Металопреработивачката индустрија го загадува градот и сериозно го нарушува здравјето на неговите жители. Олку неповолна еколошка ситуација во градот и околината е предизвикана од еден од најголемите рударски и металопреработувачки комбинати на светот. Во фабриките во Нориљск рудата се топи на пермафростот (вечно смрзнатото тло). Тука се остварува над 40% од годишното производство на паладиум во светот, една петина од произведениот никел во Русија и две третини од бакарот. Никаде на светот не постои толку голем индустриски реон како што е Нориљск. Веќе долга низа година Нориљск важи за најзагаден град во Русија. Овој град нема официјален статус на „затворена територија“, но од 2001 година странците можат да влезат во Нориљск само со специјална дозвола од локалните власти.

3. Кисело езеро

Фотографија: Алексеј Куденко/РИА НовостиФотографија: Алексеј Куденко/РИА Новости

На прекрасниот полуостров Камчатка, познат по вулканите и недопрената чиста природа, се наоѓа нестварно убаво, но смртоносно езеро со силно тиркизна боја. Езерото е формирано во кратерот на вулканот Мали Семјачик (6.700 километри од Москва). Тоа е широко околу 500, а длабоко 1400 метри. Има своја „плажа“, но капењето во него е забрането дури и за најхрабрите љубители на екстремните спортови, зашто од него никој не може да излезе жив и здрав. Имено, станува збор за кисело езеро кое се има формирани како последица на подземна експлозија пред околу 400 години. Во водата на езерото има висока концентрација на сулфурна, флорна и хлороводородна киселина. Оваа „пеколна смеса“ му дава прекрасна тиркизна боја на езерото во кратерот на вулканот Мали Семјачик. Киселото езеро за време на зимата на замрзнува, дури ни кога сите планини на Камчатка се под снег. Мали Семјачик и неговото кисело езеро не се секогаш „мирни“. Овој вулкан е сè уште активен, иако последната ерупција е забележана во 1952 година.

4. Опасниот ледник Колка

 Lori/Legion-Media  Lori/Legion-Media

За ледникот Колка во Кармадонската клисура во Северна Осетија (1.800 километри јужно од Москва) има слушнато цела Русија по големата трагедија што се случи на 20 септември 2002 година. Тој ден целиот ледник се одвои и покрена лавина која се движеше со над 200 километри на час и го збриша од лицето на земјата селото Горни Кармадон.

Во оваа несреќа настрадаа членовите на филмската екипа која во Кармадонската клисура го снимаше филмот „Гласник“. Меѓу нив беше и 30-годишниот глумец и режисер Сергеј Бодров. Загинаа над 100 лица. Иако по исчезнатите се трагаше интензивно, посмртните останки на членовите на филмската екипа беа пронајдени дури по неколку години.

Ледникот Колка и претходно го биеше лош глас. Многу луѓе и животни имаат настрадано во 1902 година. Тој е особено опасен и поради тоа што процесот на неговото движење започнува многу бавно, речиси незабележливо. А потоа големо парче мраз неочекувано се одвојува и паѓа.

5. Смртоносниот Елбрус

Lori/Legion-Media  Lori/Legion-Media

Елбрус се издига на над 5.600 метри надморска височина. Се вика и „двоглава планина“ зашто има два врва – западен и источен (понизок од западниот 21 метар). Познато е дека Монт Еверест, најголемиот врв на светот и во Азија, е опасен по живот и дека го нарекуваат „Гробишта без крстови“, но е помалку познато дека и Елбрус, највисокиот врв во Русија и Европа, е исто така опасен за алпинистите. Експертите проценуваат дека за време на качувањето на овој изгаснат кавкаски стратовулкан годишно гинат од 15 до 30 лица. На висина од околу 4.200 метри е наоѓа карпата „Гробишта на алпинистите“. На неа се закачени бројни таблички со имињата на оние кои тука ги загубиле животите.

Се смета дека Елбрус е врв на изгаснат вулкан, но поради брзото топење на мразот и вулканската активност под планината, многумина стручњаци сметаат дека вулканот е сè уште активен и дека постои можност за негово „будење“ веќе во овој век. Освен тоа, 11 кубни километри мраз на врвовите и падините на Елбрус ја прават оваа планина еден од потенцијално најопасните вулкани на планетава.

6. „Проколнатата“ планина Манарага

GeophotoGeophoto

Нити една туристичка агенција не се дрзнува туристите да ги одведе на планината Манарага која се наоѓа во тешкодостапната поларна зона на Русија, во националниот парк Југид Ва (1.600 километри од Москва). Манарага е најживописниот и најопасниот врв на северот од Русија.

Староседелските народи на руската република Коми верувале дека оваа планина е света и жива. За да „најдат заеднички јазик“ со Манарага локалните жители уште во 11 век на планината вршеле ритуални обреди, за што сведочат пронајдените камени урнатини на светилишта со жртвеници. Не е случајно што планината Манарага (што во превод од ненецки јазик значи „мечкина шепа“) многумина ја сметаат за „проколната планина“. Мистичниот парадокс е во тоа што oваа планина, висока 1.662 метри, не делува како несовладлива препрека, но искусните алпинисти тврдат дека таа го прави беспомошен секој оној што ќе се обиде да ја искачи. Досега никој не успеал да го освои врвот на оваа планина. Манарага не се „покорува“. Алпинистите ги демнат бројни опасности, од непредвидливи временски услови до натприродни појави и настани. Многумина кои се обиделе да ја освојат Манарага го изгубиле својот живот. Пред вакви загатки на природата во планините на суполарниот Урал, човек мошне лесно ги отфрла идеите на „чист материјализам“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња