10 причини никогаш да не одите во Русија

Антон Агарков
Зошто екскурзијата во една огромна земја може да биде големо разочарување.

1. Транссибирската железничка пруга

 Извор: Lori/Legion-Media Извор: Lori/Legion-Media

Да поминеш цела недела во воз кој поминува близу 9.200 километри низ осум различни временски зони, запира во 87 различни градови и преминува два континента? Не, благодарам! И тоа ми ти било „авантурата на животот“. Се обложувам дека вистинска авантура е да најдеш каде да се избањаш во овој воз.

2. Далечниот Исток на Русија

Извор: Lori/Legion-MediaИзвор: Lori/Legion-Media

Ова место предизвикува кај патниците премногу прашања: зошто локалните жители се восхитуваат на сакурите што цутат, зошто сакаат да јадат азиска храна и да ги поминуваат неработните денови во Кина? Тоа воопшто Русија ли е?

Тука сè изгледа многу чудно, особено во деловите околу Владивосток. Во шумите растат суптропските и субарктички дрвја, а боровите се обвиени со лијани и со шумски плодови со вкус на лимон. Во морето пливаат јужни риби како фугу и ајкули, заедно со харинга и навага од северниот дел на планетата. Каква магија е тоа?

Извор: ТАСС/ Јуриј СмитјукИзвор: ТАСС/ Јуриј Смитјук

А, да не ги споменуваме тигрите кои живеат на рускиот Далечен Исток. Сибирскиот тигар еволуирал - му пораснало долго, густо крзно, какво што нема ниту еден друг вид тигар во јужните земји - така што тој може да демне плен дури и назима. Не е лошо да се запознаат со локалните дивите ѕверови од филмовите на Би-Би-Си.

3. Камчатка

Извор: Вадим ГипенрајтерИзвор: Вадим Гипенрајтер

Скап кавијар и тури со хеликоптер до вулканско земјиште и долината на гејзирите? Можеш да си го дозволиш ова патување само ако си нашол богатство на некој потонат брод и си имал среќа да го продадеш без да те фрлат в затвор.

4. Сибир

Извор: Владимир ЧуприковИзвор: Владимир Чуприков

Русија е 40% Сибир, а Сибир е светски познат по своите зими и ниски температури. Ладен воздух, пареа од устата, црвени образи и џиновски филцови ватенки на нозете - сигурно нема да го заборавиш своето патување во Сибир назима. Сети се како си преживеал во овој незамисливи студ и си живеел да кажеш на сите дека никогаш, ама никогаш не треба да одат таму.

Сибир зазема речиси 10% од површината на Земјата и се граничи со Монголија на исток и со брегот на Арктичкиот Океан на север. Само најголемиот социопат може да се чувствува среќен тука - човек може да оди 3.000 километри, без да сретне жива душа.

Земја на затвореници и херои, гасни наоѓалишта, нафтени сонди, јаглен и златни мини е одлично место за авантуристички одмори, истражувачки походи и активности со многу адреналин. Сибир ја има најголемата шумска покривка во светот и е полн со високи планини, кристални езера и градови прошарани со дрвена архитектура. Звучи како совршено место да се изгубиш и да го поминеш остатокот од животот во друштво на кафеави мечки. Подобро да си безбеден, отколку да жалиш - па остани си дома.

5. Езерото Бајкал

Извор: ShutterstockИзвор: Shutterstock

Најздодевното езеро на светот. Дури нема ни чудовиште што да живее тука! Ако не веруваш, можеш да погледнеш директно во водата: водите на Бајкал се толку чисти што видливоста е 40 метри - дури и назима, бидејќи и мразот е јасен како кристал.

Бајкалското Езеро е толку огромно што зазема површина колку Белгија, а за да го обиколиш, ќе ти бидат потребни околу четири месеци со нормално одење. Колку бесмислена задача!

Во Бајкалското езеро живеат над 300 ендемични животни и видови птици, а Бајкалскиот слатководен пломби е најстрашната од сите нив - неговиот поглед е застрашувачки. Фала Богу што овие суштества се премногу дебели и мрзеливи за да збркаат некој турист.

6. Алтај

Извор: Lori/Legion-MediaИзвор: Lori/Legion-Media

Зашеметувачката тишина и вселенските глетки на Чујската степа, планински врвови, музеј на отворено на карпа, јурти, камили и духот на номадската слобода. Па, ако посакаш да останеш засекогаш? Ќе ги слушаш песните на кајчите, патници-раскажувачи на приказни од Алтај и ќе пиеш кумис до крајот на животот. Ужас!

7. Сочи

Извор: ТАСС / Сергеј ФадејчевИзвор: ТАСС / Сергеј Фадејчев

„Да имав среќа, ќе живеев во Сочи“, гласи една поговорка. Дали навистина сакаш да преживееш зимски снег и летна жега во рамките на иста екскурзија? Тоа е сосема веројатно во „летната престолнина“ на Русија со нејзината суптропска клима, каде температурите можат да достигнат 39° C. Патем, тука имаше Зимска олимпијада.

Извор: Нина Зотина / РИА „Новости“Извор: Нина Зотина / РИА „Новости“

Обично Сочи е популарно плажно одморалиште, кое секогаш е преполно со туристи, дојдени да попливаат или едноставно да се одморат. Но, кога конечно ќе си заминат од плажа, сите се качуваат на планината, каде скијаат и се спуштаат на сноуборд од декември до април. Има ли нешто полошо од тоа да го поминеш одморот во постојано одење меѓу планините и морето како магаре натоварено со две бали слама?

8. Белите ноќи во Санкт Петербург

Извор: Антон МалковИзвор: Антон Малков

Т.н. „бели ноќи“ на Санкт Петербург се едноставно катастрофа. Вистинската ноќ не настапува тука од средината на јуни до крајот на јули. Зарем сакаш да добиеш инсомнија?

9. Московското метро

Извор: Vörös SzabolcsИзвор: Vörös Szabolcs

Најстрашното нешто во московското метро не е тоа што 200 станици се објекти на културното наследство и личат на подземни мермерни палати со колони и лустери. Во московското метро има бесплатен безжичен Интернет во секој воз и на секоја линија и сите патници можат да уживаат во тоа. Престанете да зјапате во телефоните - зборувајте си!

10. Руската кујна

Извор: Lori/Legion-MediaИзвор: Lori/Legion-Media

Додека патуваш, пробај ја локалната кујна, велат луѓето. Според нив ќе биде забавно. Руската регионална кујна е толку збунувачка. Во Русија живеат над 100 различни националности со огромна разновидност на кулинарски традиции што ја претвораат земјата во една од најегзотичните гастрономски дестинации. Торта со брашно од диви цреши, замрзната риба, огромни ароматични буузи со солен чај со млеко - ова јадење ли е воопшто? Сигурно не би сакале да пробате кое и да е од овие јадења со чудни имиња и состојки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња