Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека пристапите кон миграционата политика ја ставаат во опасност иднината на Европа. Ова тој го изјави на седницата на Советот за меѓунационални односи во Астрахан, пренесува „Лента.ру“.
Шефот на руската држава го наведе како пример случајот со силување на едно дете во една од европските земји од страна на мигрант чија казна потоа беше укината.
„Општеството кое нема можност да ги заштити своите деца денес, нема утре, нема иднина“, изјави Путин.
Притоа претседателот на Русија претпостави дека она што се случува во таа сфера на територијата на ЕУ е резултат од „чувството на вина пред тие мигранти“ и „ерозија на традиционалните национални вредности“. „Никако не можам да сфатат што прават таму“, потенцираше рускиот претседател.
Во април бегалец од Ирак, обвинет за силување на 10-годишно момче во Виена, призна дека е виновен за сите точки на обвинението. Меѓутоа, како што истакнува „Аустриа Пресе Агентур“, казната беше делумно укината поради нецелосното разјаснување на околностите на случајот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче