Езерското срце на древниот Сибир

Погледи од брегот на алтајското езеро Џулукуљ. Фотографии: Иван Дементиевски

Погледи од брегот на алтајското езеро Џулукуљ. Фотографии: Иван Дементиевски

Алтајските планини кријат древни сибирски пејзажи составени од езера, тундра и степа, заштитени од влијанието на надворешниот свет со величествени речни кањони со стрмни карпи високи еден километар. Во ова древно срце на Сибир лежи високото планинско езеро Џулукуљ, природна лабораторија и летописец на историјата на Земјата.

Погледи од брегот на алтајското езеро Џулукуљ. Фотографии: Иван Дементиевски

Планинското езеро Џулукуљ (кое се наоѓа на надморска површина од околу 2.150 метри) се наоѓа во самото срце на Алтајскиот природен резерват. Долината во кое е сместено езерото се нарекува Џулукуљска долина. Ова е навистина несекојдневно место, „Природна лабораторија“, по која може да се проучуваат периодите на замрзнувањето на Алтајските планини. 

Не е едноставно да се дојде на ова место. Џулукуљ е оддалечен неколку десетици километри од најблискиот пат, а во резерватот е забранет влез со автомобил. За да го посетите Џулукуљ, потребна е дозвола. Најлесно е да се дојде со хеликоптер, но тоа е и најскапата варијанта. 


Во јули долините и брекчињата на Алтај се облеани со сонце и се покриени со разнобојни цветови, а во истото тоа време на планинските врвови, само еден час лет од базата на Министерството за вонредни состојби, царува вистинска зима. Само потоците по топењето на снегот сведочат дека во овие предели започнува кусо лето. Временските прилики тука се крајно непредвидливи. Кога времето е сончево посетителите можат да се исончаат за половина час, но ако наиде некој облак од соседните планини, може да се најде во меќава со снег и со град. Навечер температурата паѓа под нулата, а веќе наутро сите потоци се делумно или сосема замрзнати.

Џулукуљ не е обично езеро. Во него има ретки видови риба, а нив подеднакво ги ловат и рибокрадците и тукашните птици. Доколку летото дојде рано и мразот почне да се топи веќе на почетокот на јуни, тогаш во овие краишта настанува вистински „птичји панаѓур“. Но, тоа не се случува секоја година. Оваа година, на пример, летото задоцни и многу птици во потрага по храна одлетаа во други краишта. Биолозите од овој крај раскажуваат дека езерото било толку ладно, така што рибата воопшто не излегла во реката да се мрести. 

Кунгурската пештера – магично царство во утробата на Урал
Кунгурската пештера е чудо на рускиот Урал и често се вбројува меѓу највеличествените подземни творби на природата во светот.

Чулишманкото плато на кое се наоѓа езерото, е интересно и по тоа што претставува огромен видиковец кој нуди прекрасен преглед на Алтајските планини. Длабоките долини на реката формираат величествени кањони со стрмни карпи високи еден километар. Заштитените подрачја долж реката Чулишман привлекува туристи од цела Русија.

Треба да се биде внимателен зашто езерото е под заштита на државата, а човекот тука е редок гостин, така што птиците не се навикнати на опасност и прават гнезда на земја, па лесно може да нагазите гнездо со јајца од кои сè уште не се испилиле птички. 

Секое лето работниците на резерватот ја прегледуваат околината, а задачата им е следење, пребројување и контрола на птиците, како и пробен риболов. Нивна втора важна мисија е заштита на животната средина од нелегално влегување на територијата на резерватот и од нелегален риболов. Инспекторите дежураат цело лето и често одат на еднодневна или на дводневна обиколка на езерото и на околните планини. Овие обиколки се особено тешки налето, каде целата долина е полна со бујни и непроодни потоци, со нерамен терен со висока трева, со бари и снег кој сè уште не се истопил. 

Околу Џулукуљ се раштркани уште околу триста помали езера со мочуришни брегови, кои се обраснати во трска. Насекаде околу езерото се протега тундра измешана со степа. Ова е инаку древен пејзаж кој некогаш бил распространет низ целиот Сибир.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња