Руски „суперполицаец“

Неверојатните способности на руските полицајци.


Она што почна како автомобилска брканица во снежната провинција на Русија, стана сцена од филмовите откако полицаецот потерата ја продолжи пешки. На снимката, направена во близина на Набережние Челни, вториот по големина град во Татарстан, може да се види ноќна брканиџа по теренско возило УАЗ на тесен и замрзнат пат.
По дваесетина секунди брканицата добива ненадеен престврт кога еден од полицајците, скокнува од полициското возило во снегот и почнува со неверојатен трк да го брка џипот. По неверојатно агресивниот спринт, полицаецот го стигнува џипот, успева да ја отвори вратата и да скокне во него. Веднаш потоа може да се види како возилото запира, а изненадениот криминалец скокнува од автомобилот во обид да му избега на „суперполицаецот“. По неколку секунди полицаецот повторно трчечком по снегот ја продолжува потерата по него. А веројатно на крајот успева и да го фати. Впрочем, погледнете и сами.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња