РФ бара објаснување од САД по повод соопштенијата за цивилни жртви во Сирија

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова изјави дека Русија очекува објаснување од американската амбасада во Москва по повод информациите за цивилни жртви во Сирија при нападите на руската авијација.

Русија сака да добие објаснување од американската амбасада во Москва по повод извештаите за цивилни жртви во Сирија од нападите на руската авијација, изјави Марија Захарова, портпарол на МНР РФ, пренесува РИА „Новости”.

„Како што дознавме, денеска, буквално пред нашиот брифинг, амбасадата на САД во Москва испрати до медиумите детална информација во однос на тоа дека жртви на руската операција, на руските дејствија во Сирија не се терористите, туку претставниците на опозицијата... вклучително и цивилни објекти“.  

„Разбирате, сето тоа се случува, пред сѐ, во врска со претстојната средба (за Сирија) во Виена, за која сите се подготвуваме, сето тоа се случува во врска со многубројните телефонски повици од Вашингтон, од Стејт департментот до МНР Русија со прашањата, со барањата да се дискутира сириското регулирање“, додаде Захарова.

Таа додаде дека останува отворено прашањето зошто амбасадата на САД ги пратила тие материјали до медиумите и дека „би сакале објаснување“.

Официјални лица на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст во Сирија соопштија дека не ги потврдуваат информациите во низа западни медиуми за наводни воздушни удари на руската авијација врз болници во Сирија.  

Во вторникот, 27 октомври, Министерството за одбрана ги повика воените аташеа на западните земји и НАТО и побара објаснување за изјавите за цивилни жртви од руските воздушни напади во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња