Министерството за одбрана на РФ бара докази за „нападите врз цивилни објекти“ во Сирија

Доколку земјите од НАТО и Саудиска Арабија не ја докажат основаноста на обвинувањата и не ги демантираат, Москва ќе ги смета тие изјави како „измислици“ и дел од информативната војна против Русија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Министерството за одбрана на РФ ќе ги смета изјавите за нападите на руската авијација врз цивилни објекти во Сирија за информативни „измислици“ доколку странските претставници не поднесат докази за спротивното во текот на следните неколку дена, изјави во вторникот заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов по средбата со воените аташеа на странски земји.

Според неговите зборови, МО РФ ќе спроведе детална истрага за сите изјави за наводно разрушени болници, џамии, училишта, како и за загинување на цивилно население како резултат на активностите на руската авијација, пренесува РИА „Новости“.

„Ако не бидат презентирани докази, и ако не бидат доставени официјални деманти, тогаш ќе сметаме дека овие антируски „измислици“ се дел од информативната војна против Русија“, рече Антонов.

Во МО РФ сметаат дека неколку дена ќе бидат доволни за разјаснување и доставување на потребните објаснувања на наведениот случај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња