Советски теренец-амфибија на 8 тркала: Кој го направи и зошто?

Аукциска куќа „Егорови“
Се смета дека уникатното амфибиско возило од овој вид е конструирано во 1960-тите од уралскиот инженер Максим Мелниченко. Тој работеше во конструкторското биро на Чељабинската фабрика за трактори и заедно со познати инженери направи автомобил за одење на излети во природа. Работната документација и цртежите не се зачувани.

Најинтересниот дел во работењето на оваа конструкција е моментот на вртење. Конструкторите се одлучиле за зглобен механизам како кај тракторот.

Возилото се состои од две херметички затворени секции меѓусебно споени со „шкрги“ кои му даваат футуристички изглед. На тркалата се инсталирани компактни хидраулични мотори. На секој пар тркала може да се монтираат гасеници за подобра проодност на непристапен терен.

Единствената врата е поставена на предната страна на возилото каде што се наоѓа местото за возачот и патниците, а моторот требаше да биде поставен во задниот дел на каросеријата. Меѓутоа, вградувањето на моторот не се ни случи.

Возилото се наоѓаше во гаражата на Мелниченко во Чељабинската област сé додека не го наследи неговата ќерка. Пред две-три години тго продаде на историчари на автомобили. Новите сопственици го нарекоа „Арго“. Теренецот сега се наоѓа во Москва и учествува на изложби на стари автомобили.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња