„Векна“ на гасеници – необичен теренец врз база на автомобилот УАЗ

Гасенично теренско возило за снег и мочуришта „Узола“ на спасувачката служба на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Гасенично теренско возило за снег и мочуришта „Узола“ на спасувачката служба на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Михаил Воскресенски/Sputnik
Ова не е возило од рачна, туку од фабричка изработка. Се вика „УЗОЛА“ и се произведува во Фабриката за теренски возила во Нижегородската област.

Може да се користи за превоз на патници или товар, но сите варијации се генерално многу слични и се дизајнирани за движење по мраз, мочуриште, снег, па дури и по водена површина.

Гасенично теренско возило за снег и мочуришта „Узола“ на спасувачката служба на Министерството за вонредни состојби на Русија.

„УЗОЛА“ се разликува од обичните автомобили по тоа што нема тркала, но и по начинот на управување.

Фабрички може да се инсталира обичен волан, иако во основната верзија управувањето се врши со џојстици, исто како во тенк. „Узолите“ се произведуваат и со бензински и со дизел мотор.

Теренецот за снег и мочуриште достигнува брзина од 60 км/ч по лош терен, а 5 км/ч во вода.

Вакво теренско возило, на пример, се користи како возило на брза помош во Јужно-Сахалинск за одење во непристапни подрачја по лошо време.

Опремено е со потребната медицинска опрема за транспорт, лекување и реанимација.

Векните (или „буханките“, како што ги нарекуваат во Русија) на гасеници се прават и за полицијата (на пример, еден таков теренец се наоѓа во непристапно подрачје на Краснојарскиот крај), за Министерството за вонредни состојби ( „Узола“ имаат спасувачите во Троицкиот административен округ на Москва) и за други ресори и државни служби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња