Работници по завршувањето на работата на копањето на тунелот што поврзува две станици на Рубљово-Архангелската линија на московското метро.
Рамиљ Ситдиков/SputnikМосковското метро е специфично по своите длабоки станици (над 20 метри), како во централниот дел на градот, така и на периферијата. Станицата „Парк на Победата“ се наоѓа на длабочина од 73 метри, „Марјина рошча“ на 72 метри, „Чеховска“ на 62, и „Сретенски булевар “ на 60 метри. Исклучок се првите станици изградени во 1930-тите: „Кропоткинскаја“ на 13 метри и „Александровски сад“ на 7 метри длабочина.
Почеток на ископувањето на тунелот со два колосека на источната делница од Големата кружна линија на Московското метро.
Максим Мишин/Прес-служба градоначалникот и владата на Москва/SputnikИзградбата на станици на мала длабочина е полесна и поевтина, но во центарот на градот во тоа време такво нешто не беше изводливо.
Работник на машина за пробивање тунели за време на изградбата на станицата „Некрасовскаја“ на Московското метро.
Иљја Питалев/SputnikПрво, беше во тек интензивна урбанизација на Москва. Второ, „отворениот начин“ на градба е можен само на тврдо и суво земјиште, а центарот на Москва имаше многу подземни реки и земјата беше натопена со вода. И трето, на крајот на 1930-тите веќе беше очигледно дека станиците ќе имаат и функција на засолништа во случај на бомбардирање (подетално за тоа).
Подземниот тунел на „Фонвизинската“ станица на Љублинско-Дмитровската линија на Московското метро.
Виталиј Белоусов/SputnikДенес, длабоките метро-станици се градат само таму каде што постои опасност од слегнување на земјиштето, меѓу другото и поради густата градба.
Ескалаторот на станицата „Марјина рошча“
Георгиј Сисоев/SputnikНекои станици на Големата кружна линија минуваат под многу прометни зони, па затоа мораа да бидат изградени на прилично голема длабочина. И покрај тоа, дури и модерните станици ја задржаа функцијата на засолниште.
Работници на изградбата на метро-станицата „Ржевскаја“ на Големата кружна линија во Москва.
Кирил Калиников/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче