Екатерина Дмитриева, невеста на рускиот космонаут Јуриј Маленченко, со космонаут од картон во природна големина на конференцијата за новинари по приватната церемонија одржана во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон, Тексас, 10 август 2003.
(James Nielsen/Houston Chronicle via Getty Images; DawnPoland/Getty Images; artpartner-images/Getty Images)Овие необични предмети за пат во вселената беа доставени до Меѓународната вселенска станица со причина. Бурмата и пеперушката беа донесени за орбитално венчавање. Имено, рускиот космонаут Јуриј Маленченко во 2003 година преку видео-линк се ожени со својата девојка Екатерина Дмитриева додека престојуваше на МВС, а младенците сами си ги ставија бурмите на себе. Младоженецот дури имаше и вселенски кум на венчавката. Тоа беше Едвард Лу. Повеќе за оваа свадба прочитајте во нашиот прилог.
Космонаутите Александар Иванченков (со гитара) и Владимир Коваљонак.
Archive photoЗа да времето да им помине побрзо во текот на долгите вечери во вселената, многу космонаути носат музички инструменти во орбитата. Александар Иванченков беше меѓу првите што го направи тоа. Во 1978 година тој на своите колеги им свиреше на акустична гитара, специјално доставена до станицата „Саљут-6“ со товарниот брод „Прогрес-2“. За да може гитарата да звучи нормално во бестежинска состојба, жиците беа малку олабавени, а внатре во инструментот беше ставена пенеста гума.
Олег Кононенко свири на еврејска харфа
РоскосмосКосмонаутот Олег Кононенко избра поегзотичен инструмент. Во 2011 година тој понесе јакутска еврејска харва и свиреше на неа во бестежинска состојба.
А во 2012 година космонаутот Роман Романенко се одлучи за усна хармоника. Уште пред заминувањето тој самиот призна дека не знае да свири на овој инструмент, но додаде дека ќе научи за време на летот, за да му даде поддршка на својот тим.
О. В. Котов и С. Н. Рјазански со штафета во отворена вселена, 9 ноември 2013.
РоскосмосДури и главниот симбол на Олимпијадата помина извесно време во вселената. Руските космонаути Олег Котов и Сергеј Рјазански во 2013 година го доставија олимпискиот факел на МВС. Сите членови на екипажот, па дури и странците, го држеа во раце и го носеа низ сите простории на станицата. Факелот дури беше изнесен и во отворена вселена. Котов и Рјазански пред видео камерите си го врачија од рака во рака, како штафета. Потоа симболот на Олимпијадата беше вратен на Земјата и предаден на претставниците на организацискиот комитет на Олимписките игри.
Херојот на Русија, пилотот-космонаут на Руската Федерација Сергеј Прокопјев на церемонија го предава Чебурашка како нов показател за бестежинска состојба на филмското студио „Сојузмултфилм“.
Григориј Сисоев/SputnikПо обичај, космонаутите ги носат своите мали плишени играчки во вселената. Тоа го прават не како дел од ритуал, туку од практични причини. Кога има промена на гравитацијата, најлесните предмети „полетуваат“ први. Тоа му олеснува на екипажот да го следи својот пат од космодромот до горните слоеви на атмосферата и да ги пресмета своите понатамошни дејства.
Меѓу овие играчки беше и плишеното мече по име Миша - маскотата на Олимписките игри 1980 година. Дизајниран е две години пред самите игри, па во 1978 година Миша се најде на станицата „Саљут-6“. Во вселената го однесоа советските космонаути Владимир Коваљонок и Александар Иванченков.
А Чебурашка, познатиот лик од советските цртани филмови, беше во вселената дури двапати. Првиот пат полета во 2016 година, а вториот пат во 2022 година. Последниот пат студиото „Сојузмултфилм“ му го предаде Чебурашка лично на Сергеј Прокопјев, командант на вселенското летало „Сојуз МС-22“.
Рускиот космонаут Михаил Тјурин со палка за голф, 21 април 2007.
SERGEI ILNITSKY/AFPЕднаш во вселената беа испратени стапови и топчиња за голф! Во 2006 година, за време на вселенска прошетка, рускиот космонаут Михаил Тјурин „испрати“ топче за голф во орбитата на Земјата. Тоа не го направи за забава, туку како дел од рекламна кампања за канадската компанија Element 21. И топчето за голф не беше обично - беше направено од специјална метална легура и беше 15 пати полесно од стандардното топче (тежеше само 3 грама). Набргу по ударот топчето изгоре во густите слоеви на атмосферата.
Иконите се мошне чести на руските вселенски бродови. Космонаутот Олег Артемјев вели дека ги носи затоа што го замолиле свештеници, а вели и дека тоа е „потреба на луѓето кои летаат во вселената“. Не постојат посебни правила за чување на икони и можат да се чуваат секаде - во товарниот простор или дури и во самиот скафандер.
Уметничкиот објект на Тарас Желтишев во бестежинска состојба.
YoomootaОд сè што руските космонаути донесоа на МВС, најнеобична е скулптурата на Тарас Желтишев „Aspr1m (Асприм)“. Таа отиде во вселената на крајот на август 2023 година и се врати на Земјата еден месец подоцна. Уметничкиот објект е само мал дел од големата колекција уметнички играчки на Желтишев, од кои секоја има свое име и своја приказна. „Асприм“ во фиктивниот универзум на уметникот претставува „Станица на љубопитноста“. „За мене тоа е можност да покажам како уметноста може да ги надмине границите на вообичаените рамки“, го коментираше тој испраќањето на Асприм во вселената.
Обвивката на магентофонска лента
Државен културен центар-музеј „В. С. Висоцки“ во МоскваКосмонаутите Јуриј Романенко и Георги Гречко во 1977 година беа испратени на станицата „Саљут-6“. Тие решија да понесат касета со песни од Владимир Висоцки. Првично планираа по нивното враќање на Земјата да му ја подарат на самиот изведувач со печат на станицата, како потврда дека неговите песни навистина биле во Земјината орбита. Меѓутоа, тие сепак одлучија да ја остават на бродот за следниот екипаж. Ја оставија касетата, но затоа ја зедоа кутијата со обвивката и му ја подарија на Висоцки по еден од неговите концерти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче