Одисејата на Алексеј Леонов: Осум слики на првиот човек во отворената вселена

Sputnik
Алексеј Леонов е познат по неговата 12-минутна прошетка во вселената. Но, тој беше и исклучителен уметник.

1. Кога човекот првпат зачекорил од вселенскиот брод во огромната празнина на отворената вселена, здогледал импресивна глетка: „Ѕвездите беа лево и десно од мене, над мене и секаде наоколу“, се присетуваше Алексеј Леонов, кој почина на 11 октомври 2019 година на 86-годишна возраст.

2. Храбрата мисија во 1965 година го овенча Леонов со слава, но исто така му подари и спомени што инспирираа серија уметнички дела посветени на истражувањето на вселената.

3. Младиот Ленов можеше да го посвети својот живот на уметноста, но овој талентиран сликар од сиромашно селско семејство не можеше да си дозволи да студира. Затоа, тој ѝ се придружи на армијата. На крајот стана член на првата група космонаути заедно со Јури Гагарин, кој подоцна стана првиот човек во вселената.

4. Судбината му намени голем потфат на Леонов. Младиот човек требаше да ја напушти безбедноста на вселенскиот брод и да ја изведе првата прошетка во вселената во историјата на човештвото. Оваа мисија беше толку опасна што неколку пати можеше да заврши фатално.

5. И покрај бројните тешкотии за време на мисијата, Леонов успешно се врати во бродот „Восход-2“ и докажа дека луѓето можат да преживеат во вселената. Неговата уникатна вселенска прошетка го обликуваше неговото творештво. Леонов подоцна подоцна сликаше дела со научнофантастична тематика, прикажувајќи сцени од истражувањата на вселената и оддалечените планети.

6. Како активен космонаут, на мисиите Леонов секогаш носеше пенкало со себе за да прави скици од она што го видел од вселенскиот брод. Но, тој во своите слики внесуваше и многу фантазија за иднината на вселенските истражувања.

7. Некои од 200-те слики на Леонов со космичка тематика се изложени во Третјаковската галерија во Москва, како и во галерии во Хјустон (САД) и Дрезден (Германија), како и во други градови.

8. Алексеј Леонов се запозна лично со Пабло Пикасо и го инспирираше Артур Кларк, авторот на книгата „2001: Одисеја во вселената“, да нарече според него вселенски брод, што е вистински успех за еден аматерски сликар.

Прочитајте повеќе: Сам меѓу ѕвездите: Во 86 година почина Алексеј Леонов, првиот човек кој се „прошета во вселената“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња