Дали знаете дека советските подморници имаа базени?

Русија, Северодвинск. Тешката стратешка ракетна подморница од проектот 941 „Акула“ во поморската база на Северната флота на Руската Федерација.

Русија, Северодвинск. Тешката стратешка ракетна подморница од проектот 941 „Акула“ во поморската база на Северната флота на Руската Федерација.

Сергеј Бобилев/TASS
Но, не сите! Базен имаа тешките стратешки ракетни подморници од проектот 941 „Акула“ („Ајкула“). Тие морски чудовишта беа долги речиси 173 метри и широки 23 метри.

Базените во подморниците не беа големи. Имаа димензии 4х2 метри и длабочина од 2 метри. Се полнеа со свежа вода или солена морска вода што можеше да се загрее.

Русија, Северодвинск. Тешката стратешка ракетна подморница од проектот 941 „Акула“ во поморската база на Северната флота на Руската Федерација.

За рекреација и релаксација на членовите на екипажот покрај базен имаше и сауна, како и теретана, просторија за пушење и „живо катче“ со зелени украсни билки. Некои подморници имаа солариум и автомати за игра во просторот за одмор и релаксација.

Сите шест изградени подморници „Ајкула“ се повлечени од флотата, а три веќе се рециклирани.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња