Вагоните што можете да ги видите во московското метро

Пресс-служба Правительства Москвы
Денеска московската подземна железница има 14 линии и 263 станици (освен ако не отвориле уште 5-6 преку ноќ без да чуеме за тоа) и во тој подземен град можете да сретнете различни возови и вагони, некои најнови, а некои што се тркалаат по шините уште од седумдесеттите години на минатиот век!

81-717/714 

Вагоните без букви во името се појавија во 1976 година и сè уште ги превезуваат патниците на подземната железница. И не само на московската. Различни модификации може да се најдат во метроата на поранешните републики на СССР, во Бугарија, Полска и Чешка. Направени се повеќе од 7280 од нив и тоа се најбројните вагони на подземната железница во Русија. Нивната најголема иновација беше копчето за врска на патниците и машиновозачот.

Русич

Русич е секој трет вагон во московското метро, повеќе од половина од метрото во Казан го сочинуваат Русичи, како и главниот град на Бугарија. Дизајниран е во 2002 година и е првиот вагон со клима уред.

Ока

Овој модел се појави во 2010 година и се разликуваше од своите претходници со пошироката кабина за машиновозачот. Се појавија места за колички за деца и инвалиди. Ока е првиот воз на Московското метро во кој патникот во текот на возењето може да се прошета од првиот до последниот вагон.

Москва

Овие вагони имаат сé што има Ока, а освен тоа и повеќе места за патници, места за полнење на батерија на телефон или компјутер и најважното: вагоните Москва се првите вагони во кои не се слуша бучавата од тркалањето по шините.

Москва-2020

Москва-2020 е понатамошен развој на претходниот модел со повеќе места за полнење батерии на телефон, ТВ-екрани и помеки и поудобни седишта. Вратите се целосно стаклени и пошироки, што прави да е поудобно да се влегува и излегува од вагонот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња