Во градот Лабитнанги, Јамал
Павел КузмичевВо Јакутск, Норилск, Салехард и многу други градови во Русија, температурата се спушта на -40, -50 степени Целзиусови, па дури и пониско. Немаат сите сопственици топли подземни гаражи, а на таков студ треба да го запалите автомобилот и нормално да го загреете, што е многу тешко веќе на температури под -20 степени.
Затоа жителите на северните региони го загреваат моторот пред да го запалат. Во системот за ладење на автомобилот се вградува грејач, а потоа од него се извлекува кабел со приклучница, кој се вклучува и се напојува со струја од обична мрежа од 220 вати.
Најчесто приклучницата се спушта директно од прозорецот на станот (да, да, дури и од високите катови) и се остава така преку ноќ. Ако, на пример, треба да излезете од дома во 9 часот наутро, вие во 8:30 ќе го вклучите овој грејач во струја без да излегувате од топлиот стан (има опции и со тајмер), и моторот во автомобилот се загрева, па кога ќе излезете од домот тој е загреан и можете да го стартувате.
Во некои станбени населби има дури и специјални паркинг-места со приклучници.
Дали некогаш сте виделе нешто слично?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче