„АвтоВАЗ“ најави почеток на производството на електричен автомобил LADA e-Largus

lada.ru
Во Ижевск претставен прототипот на електричниот автомобил LADA e-Largus.

Планирано е пробното производство да стартува веќе кон крајот на 2023 година, соопштува информативната служба на „АвтоВАЗ“.

LADA e-Largus ќе се прави како во патничка верзија, така и во верзија на комерцијално комби. Најмалку 50% од деловите ќе бидат од руско производство.

Директорот на „АвтоВАЗ“ Максим Соколов најави дека се подготвува производството на „вистински руски електричен автомобил“, нагласувајќи дека поддршката на државата ја заслужуваат само такви проекти за кои поголемиот дел од производството се врши во земјата.

„LADA e-Largus е електричен автомобил со мнозински процент делови од домашно производство, за разлика од сите проекти кои неодамна ги претставија руските производители, бидејќи тие се занимаваат само со склопување на целосно подготвени крупни компоненти на странски модели на автомобили“, изјави Соколов. „Ние планираме веќе во 2023 година во Ижевск да направиме пилот-партија на моделот e-Largus“.

Прототипите на електричниот автомобил e-Largus се ставени во циклус тестирања на патишта и во лабораторија. На патничките и комерцијалните каравани е инсталиран синхрон електромотор со перманентни магнети со моќност од 110 kW. Литиум-јонските батерии се сместени во моторниот отсек и во зоната каде што порано беше резервоарот, така што тежиштето ќе биде спуштено, со што ќе се зголеми стабилноста на електричниот автомобил.

На инструмент-таблата на моделот e-Largus е предвидена дигитална комбинација која овозможува контрола на целиот систем на електричниот автомобил, нивото на полнење и опсегот на возење. Без дополнување на батеријата возилото ќе може да помине 400 километри со еден возач и 100 килограми носивост. Поставките на моторот обезбедуваат максимална брзина од 145 км/ч.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња