Руските орнитолози собираат пари за да платат СМС-пораки од орли (?!)

Serguei Fomine/Global Look Press
Орлите со GPS-предаватели ги „дерат“ руските орнитолози, влегувајќи во роаминг-зони откако долго време се наоѓале надвор од мрежата. Пред три години научниците дури мораа да ја започнат акцијата „Префрли му паричка на орелот на мобилен“. А орлите си продолжија по старо.

Пред три години степските орли веќе изведоа нешто слично. Тогаш следењето на движењето на степските орли беше загрозено поради орелот Мина кој одлета во Иран. Орнитолозите беа принудени да ја започнат акцијата „Префрли му на орелот на мобилен“.  

„Три години не се најдовме во ваква ситуација. Некои орли целото лето го поминуваат надвор од мрежата, особено во Казахстан, потоа се појавуваат некаде во Туркменистан, а следниот ден во Иран. И сите тие летни насобрани пакети со смс пораки се трошат наеднаш. Тоа не можевме да го предвидиме, бидејќи орелот обично се појавува во мрежата барем еднаш неделно. Годинава сметката ни ја прават два орли - Аман и Саригуљ, а сега уште еден орел почна да ни ги „голта“ средствата“, објаснува координаторот на програмата за мониторинг на ретките видови од Руската мрежа за проучување и заштита на пердувестите грабливци, орнитологот Игор Карјакин.

Научникот вели дека не можат да ги исклучат предавателите, бидејќи така би изгубиле вреден научен материјал, податоци за сите летови на орлите во периодот додека се наоѓале во зона покриена со мобилна мрежа.

„Овој материјал од научна гледна точка е многу вреден, бидејќи птиците веќе имаат преку четири години. Обично орлите ретко ја достигнуваат таа возраст, особено оние со GPS-предаватели на нив“, вели тој.

Сега научниците повторно бараат помош за да ги платат сметките што орлите ги направиле додека се во роаминг.

„Сега сме веќе во минус 30 илјади, а сметките ќе растат сé додека птиците, кои летово не беа во мрежата, не ја напуштат локацијата во скап роаминг. Сега се надевам дека со овие донации ќе ги покриеме трошоците и дека понатаму ќе продолжиме со следењето. Луѓето реагираа, но орлите сè уште не се вратија“, рече Карјакин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња