Во февруари 1922 година компанијата Junkers Flugzeugwerk AG потпиша договор со властите на Советскиот Сојуз за производство на авиони во Државната фабрика за авиони бр. 7 во населбата Фили (Москва). Таа фабрика, меѓу другото, требаше да служи и за изградба и одржување на основната флотила на советското воено воздухопловство. Јункерс беше одговорен за конфигурацијата на производствените капацитети, како и за проектирање на различни типови авиони нарачани од советското воено воздухопловство.
Хуго Јункерс (фотографија снимена меѓу 1915 и 1920 година).
Конгресна библиотекаПрвото летало што излезе од оваа фабрика беше хидроавион за набљудување. Советската власт нарача 20 примероци од овој авион. Јункерс на проектот му ја даде ознаката J20. Првиот примерок полета во март 1922 година.
Во наредните месеци Јункерс учествуваше во изградбата на фабриката во населбата Фили, за да во ноември 1922 година првиот авион J20 со ознака Ju 20 го направи својот прв лет во Ленинград. Во наведената фабрика во 1923 година беа направени вкупно 20 авиони Junkers Ju 20W. Истата година сите летала во својство на авиони за набљудување му беа испорачани на советското воено воздухопловство.
Како што е објаснето на специјализираниот сајт Airwar.ru, првите направени примероци биле испорачани на хидроавионската ескадрила во Ораниенбаум со која командувал Б. Г. Чухновски.
Авионите се користеа во Балтичкото и Црното море, а некои од нив беа спуштани директно од бродови со помош на стрели и чекрци.
Кога авионите беа отпишани по истекот на работниот век, неколку примероци беа предадени на Цивилната воздухопловна флота и на Главната управа на Северниот морски пат. Б. Г. Чухновски во септември 1924 година леташе со „Јункерс“ на Нова Земја и со него изведе 11 летови. Во еден авион, по предлог на конструкторот К. А. Виганд беше вграден појак мотор Junker L-5 со 310 КС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче