Нарвали во јужниот дел на архипелагот Земјата на Франц Јозеф.
Проектна канцеларија „Нарвал“ (CC BY-SA 4.0)Дали верувате дека постојат еднорози? Во студените води на Северениот леден океан живее нарвалот, исклучително ретко морско животно со долг рог – единственото од ваков вид во светот.
Нарвалите се огромни животни. Телото може да им биде долго 4,5 метри и тешко 1,5 тони, со тоа што една третина ја сочинуваат масните наслаги. Но, тоа на нарвалите воопшто не им пречи. Живеат во Северниоот леден океан среде арктичкиот мраз и салото им ја чува телесната топлина.
Нарвал (Monodon monoceros), Бафинова земја, Нунавут, Канада.
Todd Mintz Photography/Legion MediaЗа нарвалите е специфичен долгиот рог (иако го имаат само мажјаците). Овие животни немаат долни заби, а од горните само два, и еден од тие два со текот на времето се развива во оваа бивна. Понекогаш е долга и до 3 метри.
Тој рог е многу цврст и еластичен, но ако се скрши, на тоа место се формира нешто како коскено ткиво со цел да се заштитат нервните завршетоци. Замислете, бивната има нервни завршетоци!
За што служи овој „рог“? Мислењата на научниците се поделени. Едни сметаат дека нарвалот со својата бивна се штити од предаторите, други дека со неа пробива дебел слој мраз во океанот, а трети дека со помош на нервните завршетоци ја одредува температурата на водата.
И секако, рогот му помага на мажјакот да ја привлече женката. Можеби тоа и е најважното нешто?
Во јуни 2019 година, за време на воздушно извидување, истражувачите снимија 30 нарвали во северниот дел на архипелагот Земјата на Франц Јозеф.
Газпром нефть (CC BY-SA 4.0)Нарвалите се цицачи од редот на китовите. Тие се единствените претставници на својата фамилија. Името, судејќи според сé, потекнува од исландските зборови nar (труп) и hval (кит). Звучи малку морничаво, но всушност станува збор за специфичната боја на кожата – таа е бледосива со темни дамки.
Меѓутоа, во 1990 година научниците пронајдоа хибрид на нарвал и белуга.
Нарвалите живеат во помали групи кои можеби не се во сродство. Тие комуницираат едни со други со испуштање уникатни звуци. Едни личат на воздишки, други на потпукнување, трети на врескање. Заедно ловат ситна риба или мекотели и разменуваат различни звуци. Посебно е интересно што секое јато има свој „дијалект“ и не се знае дали другите јата го разбираат тоа.
Нарвал, Бафинов остров, Нунавут, Канада.
Legion MediaНарвалите живеат во толку далечни и студени делови на океанот што нивното проучување претставува прилично голем проблем за научниците. Видени се на подрачјето на архипелагот Земјата на Франц Јозеф, кај Шпицберген и во близина на Гренланд. Имаше и случаи на миграција на нарвалите поврзани со движењето на пловечкиот мраз, па овие животни беа забележани и во близина на бреговите на Велика Британија. Сепак, нивното живеалиште се најсеверните области на Арктикот, кои се многу студени и ненаселени. Научниците сметаат дека можеби има околу 40000-50000 нарвали во светот, но тоа се само приближни бројки.
Нарвалот има природни непријатели. Тоа се белите мечки и моржовите. Сепак, популацијата најмногу страда поради човекот. Во некои култури се смета дека рогот на нарвалот ги лекува речиси сите болести, што, се разбира, е обична легенда. Покрај тоа, од бивната се прават сувенири.
Рог на нарвал (бивна)
Legion MediaНе можат да опстанат во заробеништво, но во дивина живеат и по 50 години.
Поради тоа се внесени во меѓународната Црвена книга како вид што е блиску до изумирање. Во Русија е целосно забранет ловот на нарвали.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче