Втора модификација на подводниот патролен брод „Страж“ со ракетно-торпедно оружје.
АО ЦКБ „Рубин“Компанијата „Рубин“, еден од најголемите руски бродоградители, го претстави кон средината на февруари проектот за хибриден брод и подморница, прв од таков вид во светот. Пловилото се вика „Страж“ и му овозможува на сопственикот да стрела со ракети под вода, а потоа да плови на површината на водата со брзина од 80 км/ч, нешто како „чамецот на Џејмс Бонд“.
Втора модификација на подводниот патролен брод „Страж“ со ракетно-торпедно оружје.
Централно конструкторско биро за морска техника „Рубин“„Овој брод се прави за извоз, пред сé за извоз во земјите на Југоисточна Азија со голем број острови и поплитки мориња“, вели Владимир Евсеев, доктор на технички науки и шеф на Одделението за евроазиска интеграција и развој на Шангајската организација за соработка (ШОС) на Институтот.за проучување на членките на Заедницата на независни држави.
Според него, ова пловило е наменетто за употреба во блиските крајбрежни зони и овозможува ефикасна борба против шверцот на дрога.
„Може да се притаи на дното и да чека кога над него ќе помине мала подморница или глисер со шверцери. Пловилото има идеални карактеристики за пресретнување на шверцери“, истакна експертот.
„Страж“ ги интегрираше сите технологии за бродоградба од раните 2020-ти. Станува збор за брз брод кој на површината развива брзина од 35 јазли (приближно 80 км/ч).
Првата модификација на патролниот брод „Страж“ кој може да се движи под вода.
Централно конструкторско биро за морска техника „Рубин“Тој има и системи за оружје што не ги поседуваат современите бродови на пограничната служба.
„Стража“ може да користи како ракети со долг дострел (крстосувачки ракети со морско базирање „Калибар“), така и противбродски ракети „Оникс“. Во иднина ќе може да ги применува и хиперсоничните ракети „Циркон“, додава аналитичарот.
Тој истакнува и дека „Страж“, судејќи според сликата, ќе располага со беспилотно извидувачко летало од хеликоптерски тип. Со други зборови, бродот ќе може да остане под вода по лансирањето на дронот и да добива податоци за теренот од него.
Подводен ракетен брод од проектот 1231 „Делфин“
Archive photo„Страж“ е реинкарнација на советскиот проект „Делфин“, т.е. брод што може да нурка. Тој проект беше развиван во текот на 1950-тите. Концептот беше ист: да се создаде хибрид на брод и подморница и да се комбинираат во него сето вооружување и предностите на површинските бродови и подморниците.
„Тој проект пропадна затоа што всушност тоа беше лош брод и истовремено така лоша подморница. Главен проблем беше движењето – тоа пловило во вода треба да ги „сече“ брановите, а под вода тивко и незабележливо да се „пробива“. Очигледно, конструкторите во 2022 година успеаја да ги решат проблемите што не ги решија научниците во советската ера “, вели Дмитриј Литовкин, главен уредник на списанието „Независимое военое обозрение“.
Од друга страна, експертот критички се осврнува на стремежот на „Рубин“ да пронајде купувачи за овој производ пред првото такво пловило да ги покаже своите можности во пракса.
„Проектот моментално постои само во „дигитална форма“ и ништо не се случува со него. Производителот се обидува на странските клиенти да им продаде концепт на брод што не постои. Веќе правевме такви грешки на времето и губевме тендери во Азија вредни милиони долари“, потсетува Литовкин.
Советскиот Сојуз еднаш изгуби тендер за испорака на јуришни хеликоптери на Индија, а го добија Американците.
„Сакавме да им го продадеме хеликоптерот Ми-28 на Индусите. Тогаш постоеше само на хартија, па Делхи потпиша договор со Американците и купи „Апачи“, кој веќе имаше книшка со комплетни податоци за резултатите од неговата примена во борбени дејствија. Сè додека „Страж“ не ги докаже својата ефикасност и своите предности во однос на постоечките подморници и чамци за крајбрежните зони, тој нема да биде интересен за купувачите“, вели аналитичарот.
Според него, „Страж“ во моментов постои само на слика. Првиот примерок може да се појави кон средината на 2020-тите.
Еквивалентни проекти на почетокот на XXI век веќе преземаа француските и британските конструктори.
SMX-25
Archive photoИ двата проекти (SMX-25 и SSGT) беа брзи бродови чија задача беше да стигнат до подрачјето на борбени дејствија со брзина од околу 90 км/ч, а потоа да нурнат во вода и од скриена позиција да вршат ракетни напади врз непријателските позиции.
„Проблемот и кај двата проекти беше високата видливост на бродовите во системите на крајбрежната стража. Според концептот, секој брод, благодарение на неговата голема брзина, треба безбедно да ја помине зоната на дејствување на крајбрежните ракетни системи, да стигне до зоната од која го изведува ракетниот напад, да се спушти на дното и оттаму да отвора оган. Меѓутоа, во реалноста тоа не беше можно. Брзината на бродот е зголемена за сметка на видливоста, така што ракетните системи како на дланка ги гледаа и едниот и другиот брод“, истакнува Литовкин.
Како што нагласува тој, до денес никој не успеал да направи добра комбинација на брод и подморница, бидејќи секој проект киксира на некои показатели според кои класичните бродови и подморници се далеку подобри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче