Русија ќе добие средство за извидување од нова генерација

Ростех
А-100 ќе може да ги пренесува добиените информации до бродовите, хеликоптерите и лансерите.

Рускиот авион за радарска детекција и управување со голем домет (ДРЛОиУ) „Премиерˮ ќе биде огромен технолошки напредок. Леталото доби нови мотори и опрема. За средството за извидување од новата генерација зборуваше за агенцијата ТАСС  главниот уредник на неделникот „Независен воен преглед“ (Независимое военное обозрение) Дмитриј Литовкин.

Тој истакнува дека „Премиер“ добил нови мотори со зголемен потисок. Исто така, новиот погонски систем има висока ефикасност во потрошувачката на гориво.

Литовкин претпоставува дека авионот добил и модерна опрема. „Карактеристиките се чуваат во тајност, не се објавени, но опремата веројатно е многу подобра отколку кај А-50“, вели експертот.

Според главниот уредник на воениот неделник, А-100 ќе може да ги пренесува добиените информации до бродовите, хеликоптерите и лансерите.

Претходно беше соопштено дека авионот А-100 „Премиер“ го изведе првиот лет со вклучен радар на 9 февруари годинава.

Авионот ДРЛОиУ А-100 е направен врз основа на тешкиот воен транспортен Ил-76МД-90. „Премиер“ доби дигитален навигациски систем, нов радар и радиотехнички систем во кабината. Во 2019 година авионот го изведе својот прв лет.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња