Новиот руски шпионски авион А-100 „Премиер“ изведе лет со вклучен радар

Ростех
Способностите на најновиот руски „летечки радар“ значително ги надминуваат како руските, така и странските пандани.

Перспективниот авион за радарско патролирање, наведување и управување А-100 „Премиер“ на 9 февруари го изведе првиот лет од аеродромот во Таганрог со вклучена радарска опрема во рамките на продолжувањето на тестирањата, пренесуваат медиумите.

За летовите на „Премиер“ не се зборуваше од 2019 година кога неколку пати беше подигнат во воздух во рамките на тестирањата, додека денес авионот првпат полета со вклучен радар.

А-100 во перспектива треба да го замени рускиот „летечки радар“ А-50 наменет за откривање и следење цели во воздух, на вода и копно, како и за помош во управување со трупите.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња